Семинар 31.03.2021 СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ И ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ТАЛЕНТИ 

„онлајн“-обука 10:00-13:30 часот



Планирањето на човечките ресурси е во основата на успешноста на секоја компанија. Во основа, се работи за осмислување на структурата и на профилите на вработените со кои ќе може да се реализираат работните процеси и да се постигнат посакуваните резултати. Случувањата со светската пандемија уште посилно ја нагласија потребата од стратегија која ќе овозможи детектирање на клучни вработени и на т.н. таленти, од аспект на долгорочна одржливост и раст на организациите. Управувањето со талентите е тесно поврзано со системите за управување со постигнатото, како сет алатки за управување со компанијата на сите нивоа на менаџмент.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 31 март 2021 година организира „онлајн“-обука на тема: „Стратегии за управување и за задржување таленти“, која ќе се фокусира на овие клучни теми за управување со вработените во секоја компанија. 

За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сопственици, претставници на бизнис-заедницата од врвниот менаџмент, менаџери на човечки ресурси и за други професионалци во оваа област.
На обуката ќе се истражат придобивките за компаниите кои ќе постават системи за управување со таленти. Ќе бидат споделени и конкретни совети и алатки корисни во поставувањето на овие системи и обезбедување нивна реална фунционалност за раст на компаниите.

Придобивки од обуката:
• разбирање на областа управување со таленти како клуч за обезбедување квалитетни компетентни вработени;
• сознавање на придобивките од поставувањето систем за управување со таленти;
• здобивање конкретни алатки и совети што може да се применат во оваа област и
• поддршка во согледувањето на процесот и на чекорите за поставување системи за управување со таленти во организацијата.

ПРОГРАМА:

I сесија
• Како подобро да ги планираме човечките ресурси во компанијата? Аспекти кои се важни во време на криза
• Што значи поимот талент и зошто е важна стратегијата за обезбедување, за управување и за задржување таленти? (вежба)
• Обезбедување таленти – како да ги привлечеме најдобрите 
• Алатки за избор на вработени (вежба)

II сесија
• Пет златни правила за управување со талентите во организацијата
• Програми за задржување на талентите / Програми за планирање на кариерата во компанијата 
• Поглед кон иднината – кои се потребите на новите генерации вработени

Предавачи:

- Наташа Ивановска, консултант за човечки ресурси, сертифициран бизнис-тренер на Колеџот „Ериксон коучинг“ од Канада, како и сертифициран тренер по неколку светски методологии. Има над дваесетгодишно искуство во планирањето и во управувањето со човечки ресурси. Од 2011 е основач на „Инсајт груп“, компанија за личен и организациски развој. Низ работата со компании во земјата и во регионот успева да придонесе во областа на планирањето и на развојот на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.    

- Биљана Велевска, раководител на компанијата „Самеримпекс импулси“, со значајно искуство во управувањето со проекти, консултантството, во анализите, дијагностиките и во обуките, како во приватниот така и во јавниот сектор. Велевска е магистер по европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии и институти, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој.

За сите учесници на обуката ќе бидат обезбедени:    
- упатство за приклучување на „онлајн“- обука;     
- работни материјали во електронска верзија и    
- eлектронски сертификат за учество на семинарот.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 26.3.2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 17.03.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА СТАТИСТИЧКА АНАЛИЗА
Работилница, 18.03.2021
ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
Online Бизнис средби, 23.03.2021
On-line конференција и виртуелни деловни средби „FUTURE OF BUILDING “
Семинар, 25.03.2021
СУДСКИТЕ OДЛУКИ ПО ПРИГОВОРИТЕ ПРОТИВ НЕЗАКОНИТОСТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО И ПРИМЕНА НА ОДРЕДБАТА ОД ЧЛЕН 218 ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
Семинар, 26.03.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ - (МЕНАЏМЕНТ, ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ И ИЗВЕСТУВАЊЕ)
Работилница, 30.03.2021
ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО И БЕЗ НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 31.03.2021
AНАЛИЗА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ
Семинар, 31.03.2021
СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ И ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ТАЛЕНТИ 
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“