Зошто се корисни финансиските извештаи? Бидејќи, тие им помагаат на инвеститорите и доверителите во донесувањето подобри економски одлуки. Целта на онлајн семинарот е подобро разбирање на финансиските извештаи од корисниците на финансиските извештаи, со цел да се олесни подобрувањето на процесот на одлучување, со користење на НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ.
Разбирањето на финансиските извештаи помага во процесот на донесување одлуки за бизнисот. Претприемачите, инвеститорите и аналитичарите создаваат база на податоци низ одреден период на време која се презентира преку финансиските извештаи.
Финансиската анализа претставува една алатка за препознавање на клучните елементи од вашите извештаи која преку сетот на финансиски показатели и нивното толкување ќе предонесе кон евалуација на тековното работење, идентификување на проблемите/областите на потенцијалните можности, развивање на буџети и имплементирање на идните стратегии кои во водат кон профитабилност, солвентност и ликвидност. Овој онлајн семинар обезбедува рамка за проучување на анализата на финансиските извештаи. Оваа рамка се состои од користење на напредни Ексел алатки – создавање на информациски систем за финансиска анализа. Преку овој онлајн семинар ќе дознаете како да умеете да ги препознаете клучните елементи од финансиската слика на вашето претпријатие и како истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни одлуки.
ЦЕЛИ :
- Анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку извештаите и показателите, структурата на приходите и трошоците и нивна примена во процесот на одлучување;
- Брзо скенирање и читање на финансиските извештаи, како извор на финансиски податоци корисни во процесот на одлучување;
- Дефинирање, пресметување, начин на толкување и значење на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа;
- Корисности и ограничувања на финансиската анализа на оперативно-деловната успешност од работењето преку финансиските показатели
ПРОГРАМА:
- Поим, Предмет и Цели на анализата на финансиските извештаи;
- Студија на случај- анализа на финансиски извештаи во конкретна компанија;
- Практична работа – изготвување на софтвер во ексел за финансиска анализа;
- Анализа на финансиски извештаи – практичен пример;
- ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ – ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПРИМЕРИ:
- ИНДИКАТОРИ ЗА ЛИКВИДНОСТ;
- ИНДИКАТОРИ ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ ;
- ИНДИКАТОРИ ЗА АКТИВНОСТ;
- ИНДИКАТОРИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТ.
- Tолкување на пресметани финансиски извештаи;
- Aнализа на паричните текови и нивните движења.
ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:
Mенаџери, управители, лица од областа на финансиското работење, сметководството, финансиското известување, лица кои имаат потреба да ги препознаваат информациите и пораките кои се носат во нивните финансиски извештаи, вработени во банки и други финансиски институции. Истата особено е корисна за менаџерските позиции управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија и
- Сертификат во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 26.03.2021 година.