Статистичките методи и модели спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме статистичките модели и методи, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки, особено да ја антиципираме иднината.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
- Ја предвидуваат иднината (business forecasting);
- Препознаваат ситуации во кои примената на статистичките методи може да помогне во процесот на одлучување;
- Да спроведуваат едноставна статистичка анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци;
- Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.
Програма:
1. Користење на вградени ексел функции за статистичка анализа на податоците:
COUNT, COUNTA, MAX, MIN, SUMPRODUCT, MEDIAN, AVERAGE, MODE, PERCENTILES, QUARTILES,
RANK, LARGE, SMALL, VARIANCE, STDEV, COUNTIF, VLOOKUP, HLOOKUP Functions.
2. Дескриптивна статистика во Excel:
- Вградена алатка Descriptive statistics;
- Споредба на статистички низи;
- Положба на резултати во низа (рангирање, центили);
3. Корелациона анализа во Excel;
- Коефициент на линеарна корелација;
- Корелација на ранг;
- Функција CORREL;
- Вградена аналитичка алатка за корелациона анализа (автоматизирана изработка на матрици на корелација).
4. Како да се предвиди однесувањето на појавите во иднина? - Регресиона анализа во MS Excel:
- Едноставен модел на линеарна регресија- линеарна интерполација;
- Регресионен модел на Excel графикони и ANOVA софтвер;
- Пример на нелинерани модели кај деловното работење и маркетингот;
- Едноставен пример за повеќестепена регресија со анализа на оправданост;
- Постои ли навистина разлика помеѓу појава или не? Тестирање хипотеза на разлики
кај аритметичките средини;
- Т-тест;
- ANOVA (анализа на варијанса);
- F – тест;
- Примери од работењето.
5. Работа со сценарија:
- Goal-Seek, Scenario manager и Data Tables.
На основа на “живи“ примери од бизнис секторот се објаснува примената на сите наведени Ексел функции.
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот.
Последен рок за пријавување:15.3.2021 година.