Стопанската комора на Македонија во соработка со SPIN – Истражување, иновации и технолошки трансфер и Инвентиа ДОО организира два настани во рамки на Smart Manufacturing Matchmaking 2021 (SMM2021) – иницијатива која има за цел да ги поврзе понудата на инвестиции и побарувачката за иновативни проекти.
Првиот настан ќе се одржи на 25.2.2021 година на тема: „Паметно производство: вештачка интелегенција, виртуелна реалност и решенија за зголемена реалност“, додека вториот настан ќе се одржи на 26.2.2021 година на тема: "Гејмификација, Ал и дигитални решенија во едукативната технологија“.
Предвидените настани претставуваат можност за размена на искуства и изнаоѓање нови партнери во сферата на бизнисот, технологијата и истражувањето во рамки на горенаведените области.
Програмата за двата настани ќе се одвива Online преку „Smart MatchMaking“ платформата и ќе се состои од:
• Тркалезна маса на експерти;
• Презентации на компании;
• Средби 1:1.
Учеството е бесплатно. За учество на настаните потребно е да бидете регистрирани на „Smart MatchMaking“ платформата достапна на следниот линк: https://spin.srl/smm2021/smm2021-form-registration.
Подетални информации за Smart Manufacturing Matchmaking 2021 и можностите кои ги нуди за компаниите се достапни на официјалната веб-страна: http://www.smm2021.eu/