Успешните компании, одличното познавање на Excel го ставаат како еден од главните предуслови за вработување и професионален напредок. Станува збор за програма која овозможува да сработите повеќе работа за помалку време како и да ги искористите податоците на најдобар можен начин. Сѐ почестата употреба на Excel, во различни сфери и за различни намени, доведува до сѐ поголеми потреби за обуки кои се занимаваат со оваа програма.
Обуката за Excel е прилагодена за вработените во организациите кои сакаат да напредуваат во својата работа, но и за невработените лица заради стекнување предност при вработување. Содржините се кратки и јасни, без премногу теорија и со конкретни примери од пракса кои ќе Ви овозможат лесно да го разберете градивото и да го примените стекнатото знаење. По завршувањето на обуката ќе бидете оспособени, за најкратко време, да уредувате, анализирате и презентирате податоци во Excel. При тоа ќе знаете:
• Работа со табели;
• Групирање на податоци;
• Валидност на податоци;
• Условно форматирање;
• Работа со формули и функции;
• Креирање сценарија;
• Замрзнување редици/колони;
• Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
• Креирање извештаи и пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• Заштита на работни листови и датотеки.
Основен услов за учество на обуката е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.
По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Практично применува табеларни пресметки;
• Групира податоци и работи со големи табели;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува условно форматирање и валидација на податоци;
• Креира графикони во рамки на ќелија;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Заштитува работни листови и датотеки;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи.
Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини
- Олеснета деловна администрација
- Ефикасно користење на работното време
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации
- Подобар увид во работењето.
Предавач:
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 19 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и национален обучувач. Воедно е и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот.
Последен рок за пријавување: 23.2.2021 година.