Online Бизнис средби 16.02.2021 - 17.02.2021 Онлајн настан за вмрежување и билатерални средби “Solar Energy Business Mixer II”

Онлајн, Полска



 

Стопанската комора на Македонија во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи ве поканува да земете учество на претстојниот онлајн настан за вмрежување и билатерлани средби “Solar Energy Business Mixer II  што ќе се одржи во периодот од 16 до 17 февруари 2021 година.

Онлајн билатерaлните средби се наменети за претприемачи, организации и сите компании вклучени во синџирте на снабдување, т.е. производители, услужни компании, консултанти, компании во полето на градежништво, компании што се занимаваат со продажба на електрична енергија и услуги,  компании за продажба на опрема и материјали и др.

Компаниите ќе имаат можност преку платформа за закажување и одржување на состаноци/видео конференции, претходно сами да ги договорат билатерланите состаноци со компании од нивен интерес. Претходно договорените сесии се со времетраење од 20 минути, кадешто учесниците ќе можат да воспостават комуникација, да најдат центри за заеднички истражувачки проект или да направат трансфер на технологија со нови деловни партнери.

Зошто да учествувате:

•           Претходно договорени средби со избрани потенцијални партнери

•           Можност за иницирање меѓународна соработка

•           Размена на искуства со компании од Полска и европски земји

•           Состаноци и размена на мислења со стручни лица од индустријата

•           Воспоставување на технолошка и деловна соработка

•           Поддршка за проширување на меѓународна компанија

•           Пристап до знаење за нови технологии и решенија

Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со прегистрација на следниот линк: II Solar Energy Business Mixer B2B EEN Meetings - Home (b2match.io) кадешто воедно ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.

 


Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 17.03.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА СТАТИСТИЧКА АНАЛИЗА
Работилница, 18.03.2021
ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
Online Бизнис средби, 23.03.2021
On-line конференција и виртуелни деловни средби „FUTURE OF BUILDING “
Семинар, 25.03.2021
СУДСКИТЕ OДЛУКИ ПО ПРИГОВОРИТЕ ПРОТИВ НЕЗАКОНИТОСТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО И ПРИМЕНА НА ОДРЕДБАТА ОД ЧЛЕН 218 ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
Семинар, 26.03.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ - (МЕНАЏМЕНТ, ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ И ИЗВЕСТУВАЊЕ)
Работилница, 30.03.2021
ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО И БЕЗ НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 31.03.2021
AНАЛИЗА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ
Семинар, 31.03.2021
СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ И ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ТАЛЕНТИ 
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“