Семинар 10.02.2021 ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-

„онлајн“-семинар 10:00-14:00 часот



Освен промените кои ги донесе во системот на урбанистичкото планирање, Новиот Закон за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ“, бр. 32/20) отвори и многу прашања за кои корисниците одговорот го очекуваа од Правилникот за урбанистичко планирање. Тој како подазаконски акт има задача да ја дообјасни и конкретизира целокупната материја опфатена со Законот. Фактот што Правилникот за урбанистичко планирање всушност ги обединува претходните 2 правилници: „Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање“ и „Правилник за поблиската содржина, форма и начин на графичка обработка на ГУП, ДУП, УПС, УПВНМ, Регулациски план на ГУП, формата, содржината и начинот на обработка на урбанистичко плански документации и АУП и содржината, формата и начинот на обработка на Проектот за инфраструктура“, јасно говори за обемноста и комплексноста на документот, што уште повеќе го зголеми интересот и исчекувањето од истиот. 
Дали Правилникот даде одговор на сите отворени прашања, дали донесе можност за подобро, полесно, похумано планирање?

Целта и структура на семинарот:

Овој семинар се организира со цел да се презентира новиот Правилник за урбанистичко планирање од аспект на промените и новитетите кои ги носи во делот на планирањето, низ следните теми:
1. Урбанистички планови: предмет на уредување, плански опфат, содржина и спроведување;
2. Урбанистички проекти: предмет, проектен опфат и содржина;
3. Урбанистичка ортографија;
4. Стандарди и нормативи за одредување на намената на земјиштето;
5. Општи правила за регулација, парцелација, параметри и одредби за градење, планирање на стационерниот сообраќај и урбано зеленило;
6. Планирање на градежното земјиште за општа употреба;
7. Рурално планирање 
 
    
Предавач
д-р Душица Трпчевска-Анѓелковиќ, дипл. инж. арх., експерт од областа на просторното и урбанистичко планирање, долгогодишно искуство со изработка на просторни и на урбанистички планови, учество во работни групи за изготвување законски и подзаконски акти и лиценциран обучувач на локалната администрација на теми од областа на просторното и урбанистичко планирање.

За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:
- работен материјал и 
- сертификат за присуство на семинарот.

Поради големата заинтересираност, а ограничениот број на места, ве молиме својата пријава да ја доставите најдоцна до 5 февруари 2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 17.03.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА СТАТИСТИЧКА АНАЛИЗА
Работилница, 18.03.2021
ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
Online Бизнис средби, 23.03.2021
On-line конференција и виртуелни деловни средби „FUTURE OF BUILDING “
Семинар, 25.03.2021
СУДСКИТЕ OДЛУКИ ПО ПРИГОВОРИТЕ ПРОТИВ НЕЗАКОНИТОСТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО И ПРИМЕНА НА ОДРЕДБАТА ОД ЧЛЕН 218 ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
Семинар, 26.03.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ - (МЕНАЏМЕНТ, ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ И ИЗВЕСТУВАЊЕ)
Работилница, 30.03.2021
ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО И БЕЗ НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 31.03.2021
AНАЛИЗА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НИЗ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ
Семинар, 31.03.2021
СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ И ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ТАЛЕНТИ 
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“