Која е основната цел на Академијата?
|
За кого е намената Академијата?
|
Основната цел на Академијата за менаџерски вештини е на своите учесници да им се овозможи добивање избалансирани информации за практични и за теоретски знаења и тоа на начин кој е најприфатлив за усвојување на материјата, а наедно да им помогне, по завршување на Академијата, менаџерската позиција да ја извршуваат многу поедноставно и поефикасно и со значително подобри резултати
|
Академијата е наменета за сите вработени на кои во секојдневното работење им е доделена задача да ги организираат работата и работните задачи, да менаџираат со други вработени, да водат проекти и да преземат одговорност за постигнување резултати и материјални средства, т.е за сите директори, управители, менаџери, раководители, тим-лидери и други за кои е од интерес оваа академија.
|
По завршувањето на Академијата учесниците ќе се стекнат со следниве вештини:
|
Придобивки од стекнатите вештини
|
• Совладување на сите клучни предизвици за кариерно напредување во менаџер
• Унапредување на своите менаџерски вештини
• Лесно препознавање на потенцијалот кај новите соработници
• Усвојување на вештините кај новите соработници
• Совладување ефикасни техники за мотивација на соработниците
• Успешно водење проекти
• Самостојно креирање одредени стандарди и процедури за работа со своите соработници
• Зголемување на позитивното влијание врз своите соработници и бизнис-партнери
• Правилно балансирање меѓу работните и приватните одговорности
• Унапредување на емоционалната интелигенција
• Лесно препознавање на можностите за кризна ситуација и стекнување ефикасни алатки за нејзино отстранување
• Ефикасна комуникација со другите вработени и менаџери, како и со неформалното бизнис-опкружување и
• Усвојување докажани принципи за успешно работење.
|
• Практични знаења и вештини
• Работни материјали во електронска форма за следење на целокупната програма на Академијата
• Диплома за завршена Академија за менаџерски вештини
• Можност да станете лиценциран тренер во D.R. Gilbert centar (опција резервирана само за најдобрите учесници)
• Модулите се виртуелни предавања, вежби, решавање зададени ситуации, студии на случај итн.
• Академијата трае 2 месеци со предавања еднаш неделно, во среда од 10:00 до 14:30 часот, започнувајќи од 17.2.2021 година. Местата се ограничени.
• По завршувањето на Академијата, писмено, во рамките на работните задачи, ќе се проверува стекнатото знаење на сите учесници (не е задолжително, но нема да се стекнете со диплома). За своето стекнато знаење учесниците ќе добијат диплома со заслужени оценки A, B, C или D.
|
ПРОГРАМА
Прв ден
|
Модул 1 – Патот на трансформацијата од извршител до менаџер
• Запознавање со агендата и со целите на Академијата
• Патот на трансформацијата – предизвици и замки
• Како извршителот во нас го кочи менаџерот?
• Пет клучни функции на секој менаџер
• Нивото на менаџментот и неговите цели
|
Модул 2 – Запознајте се себеси – секоја промена е внатрешна и надворешна
• Што ме поттикнува мене за промена?
• Како влијае емоционалната интелигенција врз успехот и врз однесувањето на менаџерот?
• Потребна е промена во концептот менаџер
• Вистини и заблуди во менаџментот
|
Втор ден
|
Модул 3 – Ако немам планови со својот тим, ќе бидам дел од плановите на другите
• Дали се приоритетите мои или ми се наметнати?
• Алатки за одредување на приоритетите преку давање одговор на пет прашања
• Како да ги следам своите приоритети и да ја зголемам ефикасноста?
|
Модул 4 – Што е добар тим?
• Тим или група
• Што сѐ влијае врз квалитетниот тим?
• Како да се креира ефикасен тим?
• Тим, единство и различности.
|
Трет ден
|
Модул 5 – Одбирање вистински луѓе – клучна претпоставка за успех
• Најдобрите компании имаат најдобри луѓе околу себе
• Како да препознаете и да ангажирате одлични соработници?
• Алати и препораки за успешна и за ефикасна селекција
• Кого и кога да ангажирате и зошто?
|
Модул 6 – Успешна тимска комуникација
• Како да се креира тимска доверба?
• Несогласувања и конфликти во тимот
• Разбирање на потребите и на перцепцијата во тимот
• Креирање стандарди за тимска комуникација и за водење во тимот
• Евалуација на модулите
|
Четврти ден
|
Модул 7 – Делегирање задачи како клучна менаџерска алатка
• Што сѐ претставува делегирањето и како влијае врз ефикасноста на тимот?
• Што го спречува менаџерот да делегира?
• Неопходни чекори при делегирањето
• Техники за успешно делегирање на задачите
|
Модул 8 – Управување со сопственото време, со тимот и со пазарот
• Контрола на времето како претпоставка за ефикасност
• Замки на менаџерот при управувањето со времето
• Практични техники за подобра организација и за контрола на времето
• Пишување извештаи како претпоставка за подобра организација
• Управување со пазарот и со продажната мрежа/територија
|
Петти ден
|
Модул 9 – Како ефикасно да се мотивира тимот?
• Разбирање на клучните психолошки потреби и како му служат тие на лидерот како алатка за мотивација
• Деветнаесет практични, немерливи техники за мотивација
• Клучни фактори за мотивација
• Критика која не демотивира, туку која охрабрува – вештина на правилно упатување критика
|
Модул 10 – Тимските состаноци како ефикасна алатка за успешно лидерство
• Видови состаноци и нивните цели
• Активности што се спроведуваат пред состанокот
• Техники за успешно водење на состанокот со тимот
• Кои активности се преземаат по завршувањето на состанокот?
|
Шести ден
|
Модул 11 – Следење и мерење на резултатите
• Квалитативни стандарди на ефектот
• Квантитативни стандарди на ефектот
• Техники за оценување на ефектот
• Препреки при следењето и при оценувањето на резултатите
|
Модул 12 – Од менаџер до лидер
• Клучни карактеристики на вистинскиот лидер
• Што работи лидерот, а што менаџерот?
• Лидерски стилови – стилови на лидер
• Нови лидери за нови области
|
Тренер/предавач на Академијата за менаџерски вештини
Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), со повеќе од 25-годишно практично работно искуство на различни позиции – од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 15 години, а денес е експерт за директна продажба, преговарање, мотивација на вработените и за лидерство. Автор е на 15 книги, меѓу кои бестселерите „Губат само оние кои не играат“ и „Арена за продажба“, објавени под псевдонимот D.R Gilbert. Подоцна следуваат книгите „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги унапредите своите преговарачки вештини“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“, „21 зошто и само едно како“, „Арена на продажба на 21 век“, „Добар говор вреди повеќе од 1000 зборови“, „Лидерски исчекор во иднината“ и „Еден повик менува сѐ“. Во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија постојано го задржува вниманието и ги мотивира слушателите.
Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Постојано работи на унапредување на продажбата во повеќе реномирани компании низ регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семинари, тренинзи и предавања во сите поранешни југословенски републики, на кои учествувале повеќе од 60.000 слушатели, и тоа од повеќе од 1.500 компании: Банка „Интеса“, „Хемофарм“, „Coca Cola“, „Hellenic“, „Ерсте банка“, „Бош“, „Триглав“, „Перутнина“ – Птуј, „Фиат“, „ДМ“ и Дрогерија „Lilly“, „Галеника“, „Неопланта“, „Меркур“ и уште многу други банки, осигурителни и производствени компании, дистрибутивни центри и др.
Од 2011 година соработува и со Мокрогорската школа за менаџмент и држи обуки за продажни вештини. Активно е гостин на многу познати светски предавања и конференции.
Одржување на Академијата
Модулите од Академијата ќе се одржуваат „онлајн“, преку платформата Webex Cisсo.
Академијата трае 2 месеци (февруари и март), се одржува модуларно еднаш неделно, секоја среда од 10:00 до 14:30 часот.
Почетокот на обуката е на 17 февруари 2021 година, а краен рок за пријавување е 12.2.2021 година.
Секој учесник добива работен материјал во PDF -формат електронски, пред започнувањето на предавањата, како и линк за приклучување на обуката преку апликацијата Webex Cisco.
Цената за котизацијата на Академијата за менаџерски вештини е 19.850 денари, плус 18 % ДДВ по учесник, за сите 12 модули (6 предавања). Вклучено е и полагањето во Академијата за стекнување диплома за менаџерски вештини, студиска програма „Ефикасен менаџер – патот на трансформацијата и стратегиска подготовка“.
Работен јазик и материјали: српски јазик.