Семинар 02.02.2021 ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА

Онлајн семинар

Опасноста од вирусот корона (COVID 19) има тенденција да се задржи и во поблиска иднина. Затоа станува неопходно компаниите да демонстрираат интегритет, одговорност и пред сѐ, добра организираност и лидерство во справувањето со пандемијата.
Моменталните околности покажуват дека пандемијата го намалува интензитетот, но, сепак, бара примена на континуирани мерки за безбедност, кои мора да се приспособат на условите, кои постојано се менуваат и кои треба постојано дa се ревидираат, со цел да се постигне оптимално ниво на ефикасност, а компаниите да одржат континуитет и прифатливо ниво на безбедност за време на деловните, технолошките и на оперативните процеси. 
Политиката вградена во мерките од овој план има цел воспоставување рамка за компаниите во справувањето со COVID 19, за да се заштитат вработените, за да се постигне непречено одржување на компаниските процеси и за нормализирано функционирање на тековните активности.
Планот со индивидуални обележја и карактеристики, за кој овој „онлајн“-семинар треба да им помогне на компаниите да го изготват за сопствени потреби, би требало да претставува документ со извршен карактер и приод во справувањето со пандемијата, а дава можност за ревидирање и за ажурирање во согласност со големината и со типот на дејност на компанијата на нејзиниот веќе воспоставен план за заштита и за спасување во согласност со Законот (Сл. в. на РСМ 93/12).

ПРОГРАМА:
-    Економското влијание на КОВИД 19;
-    Корпорациските искуства во Европа и во Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата;
-    Законски обврски за справување со вонредни ситуации – пандемија;
-    Компанискиот план за справување со пандемијата;
-    Концепт на планот:
      • дефинирање компаниска политика;
      • стратегија;
     • организација и
     • мерки и активности.
-    Цели на компанискиот план за превенција
-    ПРЕВЕНЦИЈА од пренесување на вирусот
     • Општи мерки;
     • Мерки во одделни сегменти на компанијата;
     • Мерки за безбедност во соблекувални;
     • Мерки за безбедност во магацински простории/простории за опрема;
     • Безбедносни мерки на посебни работни места;
     • Мерки за контрола на животната средина на работните места.
-  Tерминологија користена во компанискиот план:
     • Близок контакт;
     • Сомнителен случај и управување со сомнителен случај;
     • Потврден случај и
     • Управување со позитивни случаи
-    Воспоставување систем за интерно и за екстерно информирање

Предавачи: 
-    д-р Софија Димишковска, доктор-специјалист за превенција и контрола на компанискиот ризик од Covid 19 и    
-    д-р Зоран Доревски, консултант за безбедност.

За сите учесници ќе бидат обезбедени:

-     инструкции за приклучување на „онлајн“  работилница и
-     работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 28.1.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“