Вложувањето во соработки со инфлуенсери, лица кои се препознатливи, но и релевантни за целната публика на брендот, може да донесе значајни позитивни ефекти – зголемени продажби, зголемена препознатливост и интеракција. Правилниот пристап и планирањето се од клучно значење за ефикасна стратегија со помош на инфлуенсери. Оваа маркетинг-активност носи огромен потенцијал и во моментов е во својот подем во светски рамки, а според предвидувањата на Business Insider, маркетинг-индустријата со помош на инфлуенсери се очекува до 2022 година да достигне вредност од дури 22 милијарди долари.
Интерактивниот виртуелен семинар се фокусира на развој на стратегија за соработка со инфлуенсери. Посетителите ќе бидат запознаени со процесот на развој на стратегија, како и информирани за најчестите грешки, но и за добрите пракси во соработката со инфлуенсерите.
На „онлајн“-семинарот ќе биде согледано моменталното ниво на развој на оваа гранка од маркетингот, како и можностите за применување и за приспособување на светските трендови на локално ниво. Семинарот ќе опфати преглед на можностите за соработка со инфлуенсери, насоки за заедничко креирање содржина, како и анализа и оценување на спроведените активности во склоп на кампањата за инфлуенсери.
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг-секторите во компаниите, како и за лица задолжени за екстерна комуникација. Не е потребно претходно искуство или познавање на тематиката. Програмата е приспособена за почетници.
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕЛ: Запознавање со инфлуенсер маркетинг
- Инфлуенсер маркетинг - дефинирање
• Што е инфлуенсер маркетинг?
• Потекло и развој
• Можности за спроведување
• Најчести грешки
• Принципи на комуникација
ВТОР ДЕЛ: Развој на инфлуенсер маркетинг кампања
- Подготовка за соработка со инфлуенсер
• Анализа на активност
• Мерење на влијание
• Анализа на соработници
• Таргетирање на инфлуенсер
- Дефинирање на соработка
• Поставување на правила на соработка
- Изглед на објави
- Копирајт на објави
- Известување
- Соработки со конкуренција
• Организација на објави и евалуација
• Дефинирање временски рамки и follow up
• Корисни алатки
- Анализа на локални примери
- Студии на случаи
ТРЕТ ДЕЛ: Инфлуенсер маркетинг стратегија
- Соработка со инфлуенсери на долг рок
• Дефинирање на начин на комуницирање
• Дефинирање на начин на одобрување
• Анализа и следење на резултати
• Анализа на интернационални примери
Предавач:
Ива Дујак e доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација во областа на дигиталниот маркетинг; партнер и технички директор на Маркетинг-агенцијата „Brand Union“, каде што е задолжена за стратешки развој и за комуникација на голем број локални интернационални брендови и организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавањето на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот факултет – Скопје, Економскиот факултет – Прилеп, како и во голем број невладини организации и академии.
За сите учесници ќе бидат обезбедени:
- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и
- eлектронски сертификат за учество на семинарот.
Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 5.2.2021 година.