Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на комори и стокови берзи на Турција – TOBB, ве поканува да учествувате на претстојниот виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“, кој ќе се реализира на 26 и 27 јануари 2021 година.
Употребата на технологијата во изминатиот период се покажа како една од основните алатки за функционирање и за пристап кон новите можности, особено за малите и средни компании и претприемачи.
Од тие причини, овогодишниот дигитален саем е наменет токму за малите и средни компании кои имаат цел да започнат со дигитализација на своите компании и да го зголемат пристапот до информации во овој сегмент, преку посета на виртуелните штандови на компаниите што ги нудат овие услуги, како и преку учество на вебинари и на виртуелни билатерални средби.
Во целокупната програма ќе учествуваат врвни експерти од ИТ-индустријата, од телекомуникациите, од електронската комерција и др.
Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот саем можат да се регистрираат директно на линкот за регистрација https://sanalfuar.tobb.org.tr/.
Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://tobb.org.tr/sanalfuar/index-en.html.