Стопанската комора на Македонија, и во новата година ја продолжува традицијата на брзо и навремено информирање на деловните субјекти за сите важни моменти за нивното тековно работење. Така на 29 јануари 2021 година, Комората организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Задолжителни елементи на договорот за вработување и можност за негова измена во поглед на намалување на платата, вршење на работа од дома во време на продолжено важење на мерки за зашита од ширење на вирусот, отсуство на бремени работнички од работа, основи за боледување на лица поради КОВИД-19“.
Целта на оваа онлајн, интерактивна работилница е на едно место, концизно и прецизно да се обезбеди одговор на сите прашања на слушателите и да се развие дискусија околу темите, кои поради нивната честа променливост, креираат несигурност во работењето.
На работилницата ќе се разгледаат задолжителните елементи на договорот за вработување како основен акт во работниот однос. Ќе се дискутира за модалитетите на негова измена во однос на плаќањето на работата, а особено начините за намалување на платата поради ограничениот работен процес.
Следно, ќе се обработи интересниот институт на вршење на работа од дома и ќе се потенцира важноста на состав и имплементација на издржан интерен акт кај работодавачите, со кој би се регулирал ваквиот принцип на работење.
Конечно, на работилницата ќе се анализираат и основите за боледување, со особен фокус на работниците кои се директно или индиректно отсутни од работа поради КОВИД-19, како и отсуството на бремените работнички.
ПРОГРАМА:
I. ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И НЕГОВА ИЗМЕНА
- Засновање на работен однос
- Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
- Задолжителни елементи на договорот за вработување;
- Модалитети на измена на договорот за вработување;
- Анекс на договорот за вработување;
- МОЖНОСТ ЗА ИЗМЕНА НА ДОГОВОР ВО НАСОКА НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА;
- Договорно намалување на платата;
- Намалување на плата поради потешкотии во работењето.
II. ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА ПРИ ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ
- Потреба од склучување посебен договор за вработување;
- Права и обврски;
- Надоместоци за употреба на сопствени средства;
- Заштита и безбедност при работа;
- ИНТЕРЕН АКТ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА;
- Начин на уредување;
- Воведување и времетраење;
- Утврдување на основните права и обврски;
- Елементи на интерниот акт;
- ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО РАБОТА ДОМА;
- Известување на надлежниот инспекторат;
- Овластувања при вршење на инспекцискиот надзор;
- Предизвици при вршење на инспекцискиот надзор;
- ЗАБРАНА НА РАБОТА ДОМА;
- РАБОТИ КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВРШАТ ДОМА;
- ИСКЛУЧОЦИ ПРИ ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА;
- Ограничување на работното време, ноќна работа, одмор, дневен и неделен одмор.
III. БОЛЕДУВАЊЕ
- Законска регулатива;
- Боледување на товар на работодавач;
- Боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
- Надомест на плата и услови за негова пресметка и исплаќање;
- Боледување на лица кои не се враќаат на работа по престанок на привремени мерки на Владата;
- ОСНОВИ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПОРАДИ КОВИД-19;
- Лица со позитивен тест и со симптоми; лица со позитивен тест, но без симптоми; лица во самоизолација поради спречување ширење на зараза;
- ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА ПОРАДИ КОВИД-19;
- Ослободување од работа со физичко присуство;
- БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО;
- Основ за платено отсуство;
- Висина и исплаќач на надоместокот на плата;
- Времетраење на отсуство.
-ПРАШАЊА И ДИСКУСИЈА-
Предавачи:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
- Злате Стојановски, Државен советник при Државниот инспекторат за труд.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 26.01.2021 година.