Семинар 27.01.2021 УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА

„онлајн“-семинар 10:00-13:15

Отворањето сопствена електронска продавница е една од најмудрите и најпопуларните одлуки, која носи големи придобивки за подобрување на финансиското работење на компаниите. Сепак, потребна е континуирана грижа и примена на алатки и на техники за редовно зголемување на продажбата.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 27 јануари 2021 година организира „онлајн“-семинар на тема „Унапредување на електронската продажба – техники и алатки за ефикасно работење на вашата електронска продавница“, наменет за постојните електронски трговци, на кој ќе бидат презентирани и анализирани разновидни алатки и техники, кои придонесуваат за раст на продажбата во електронските продавници.

На семинарот ќе бидат презентирани e-commerce алатки и нивните предности кои:

  • го автоматизираат процесот и заштедуваат време;
  • го олеснуваат лансирањето на вашата омни-канал-стратегија;
  • го забрзуваат креирањето и лансирањето на нови производи и каталози;
  • ги интегрираат сите независни e-commerce процеси и
  • овозможуваат флексибилна и глобална комуникација.

Наедно, на оваа обука ќе бидат презентирани и анализирани специфични техники, со чија правилна употреба ќе обезбедите зголемен раст на продажбата во вашата електронска продавница.

ПРОГРАМА:

I. Предности на алатките за електронска трговија    
   Видови алатки за електронска трговија:
   - основни алатки;
   - бесплатни алатки за електронска трговија;
   - алатки за подобрување на лојалноста на клиентите;
   - CRM-алатки за електронска трговија;
   - SEO-алатки;
   - CRO-алатки за оптимизација на конверзија и за зголемување на процентот од посетители на електронската продавница во купувачи;
   - алатки за дизајнирање и за визуелна презентација и
   - алатки за раководење со резерви

II. Специфични техники за раст на електронската продажба

   - Платен промет за Facebook, Twitter, Instagram и ретаргетирање (таргетирање лица кои ја посетиле вашата електронска продавница, но не направиле платена нарачка).
   - Зголемување на довербата кај клиентите преку вашата поддршка (грижа за клиенти преку разговор во живо, овозможување оцени и коментари од клиенти и сертификати за безбедност).
   - Поедноставување на процесот за проверка и побрзо комплетирање на нарачките.
   - Користење електронски маркетинг (креирање листа, сезонски и периодични електронски магазини и сегментирање на листата, со цел анимирање на постојните купувачи).
   - Луѓето полесно носат одлука за купување поради придобивките, а не поради карактеристиките на производите – начини како да ти истакнете придобивките на изложените производи.
   - Дополнителна продажба преку предложени и слични производи на веќе додадениот производ во кошничката.
   - Презентација на пет успешни е-commerce примери во светот.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сопственици и менаџери на електронски продавници кои се стремат кон зголемување на електронската продажба, за претприемачи кои започнуваат со електронска трговија и за ентузијасти кои сакаат да научат нешто повеќе за електронската трговија.

Предавач:
- Билјана Радоњанин, менаџер и косопственик на електронската продавница „Ексквизит“; дипломиран економист со повеќегодишно искуство во делот на ПР, маркетинг и продажба; говорник на Global Entrepreneurship Week и на Недела на претприемништвото, како и обучувач во областа на електронската трговија.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и
- eлектронски сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 22.1.2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“