Семинар 27.01.2021 НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ

„онлајн“ семинар 10:00-14:00

Пивот табелите во Ексел спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме пивот табелите, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.
Обуката е наменета за сите оние коишто сакаат да научат како да:

  • Препознаваат ситуации во кои примената на пивот табелите може да помогне во процесот на одлучување; 
  • Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
  • Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на
  •  статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.

Содржина на обуката:
-    Креирање табели;
-    Анализа на податоци;
-    Селекција на податоци;
-    Креирање прегледи;
-    Создавање комплексни извештаи.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•  
 Show details;
•    Replace Blank Cells;
•    Show items with no data;
•    Group Text Fields;
•    Group Number Fields;
•    Group Date Fields;
•    Automatically Refresh Data;
•    Show Report Filter Pages;
•    Allow Multiple Filters;
•    Sort Items based on a Value Field;
•    Custom Sort Orders;
•    Change the Layout;
•    Turnoff Get pivot data;
•    Prevent Column Widths Changes;
•    Calculated Fields;
•    Charts;
•    Slicers;
•    Multiple pivot table to a slicers;
•    Filter on top N items;
•    Multiple Subtotals;
•    Timelines;
•    Show value as;
•    Tips & tricks (трикови).

Краен резултат: Целосен извештај за работење на компанијата. 

Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

Последен рок за пријавување: 25.01.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“