Саем 28.02.2022 - 02.03.2022 Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“

Лондон,



 

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на РСМ и со Амбасадата на РСМ во Лондон, ве поканува да учествувате на претстојниот саем Internatonal Food and Drink Event (IFE), кој ќе се одржи од 28 февруари до 2 март 2022 година во Саемскиот центар „Лондон ExCel“.

Поради условите што се наметнати од пандемијата предизвикана од КОВИД 19, настанот (првично предвиден за март 2021 година) се презакажува за нов датум – од 28 февруари до 2 март 2022 година.

Настанот претставува одлична можност за презентација на македонските производители на храна и на пијалаци во Обединетото Кралство и пред другите странски иновативни и глобални производители и купувачи кои ќе бидат присутни.

            Предности зошто да учествувате на саемот

  • Учество на 1000 малопродажни купувачи. Пазарот на мало предвидено е да порасне за 10 % во следните 3 години. IFE има моќ за привлекување на сите најголеми трговци на мало во Велика Британија.
  • Сериозност во деловните потфати. Изложувачите на IFE 2019 се очекува во просек да генерираат 223.000 фунти од деловното работење, засновано врз состаноците и врз првичните разговори што се одржаа.
  • Седум настапи во еден. Предвидено е да се обединат IFE Manufacturing Solutions; The Hotel, Restaurant & Catering Show; The London Produce Show; European Coffee Expo; The UK Pub Show, како и Festival of Enterprise, креирајќи годишен настан за храна, пијалаци и за услуга каде што е сѐ на едно место. Се очекува повеќе од 2 000 изложувачи да ги презентираат своите производи и услуги со повеќе од 45.000 присутни.
  • IFE е единствената трговска изложба за храна и за пијалаци поддржана од Владата на Велика Британија. Главни спонзори на настанот се Одделот за животна средина и рурални работи и Одделот за меѓународна трговија, притоа поставувајќи го настанот високо на агендата на прехранбената индустрија во Велика Британија.

Сите заинтересирани учесници за саемот, со пријава и со резервација на штанд до 18 декември 2020 година, ќе добијат повластени цени и добра локација на штандот.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://www.ife.co.uk/.


Контакт лица:

Васко Ристовски
++ 389 2 3244014

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015