Работилница 22.12.2020 НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ

„онлајн“-семинар 10:00-13:00 часот

Стопанската комора на Македонија, одговарајќи на предизвикот навремено и прецизно да ги следи сите актуелни измени на законската регулатива од интерес за деловните субјекти, на 22 декември 2020 година, организира еднодневна „онлајн“ работилница на тема: „НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ“.

Со последното изменување на Законот за работни односи, се направи значителна разлика во однос на она што беше досега предвидено во делот на инспекцискиот надзор и прекршочните одредби. Ваквите измени беа поттикнати од неопходноста за усогласување на овој закон со Законот за инспекциски надзор и со Законот за прекршоци.

На „онлајн“ работилницата ќе се направи сеопфатен преглед на измените во предвидените прекршочни мерки и условите за нивно изрекување. Потоа, ќе се дискутира за воведените „глоби во распон“, при што ќе се разгледаат новите критериуми за категоризирање на работодавачите, примерно: вкупно остварениот приход, просечниот број на работници и претходната санкционираност. Секако, ќе се разгледаат и висините на новите глоби кои ги предвидува законот.

Дополнително, ќе се анализираат новите одредби и за надлежноста на различни органи за постапување во прекршочна постапка, како и институтот порамнување.

Конечно, заради максимална подготвеност на слушателите и со цел да се овозможи добра запознаеност со предвидените права, но и обврски во случај на инспекциски надзор, ќе се разговара за најчестите области на инспекциски надзор и инспекциски работи од работните области. 

Работилницата ќе се одржи „онлајн“и ќе има интерактивен пристап.

ПРОГРАМА

I.    ИЗМЕНА НА ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ 
·       Законска регулатива - Усогласување со:
-       Закон за инспекциски надзор;
-       Значење на институтот опомена наместо мерката едукација;
-       Закон за прекршоци;
-       Измена во делот на пропишување и определување на глобите.

II.    ПОСТАПКА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАШТИТА НА РАБОТОДАВАЧОТ
-     Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
-     Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи;
-     ИЗМЕНИ:
-     ПРИМЕНА НА МЕРКАТА ОПОМЕНА;
-     ПРИМЕНА НА МЕРКАТА НАРЕДБА.

-    Забрана за вршење на работи на работодавачот;
-     ИЗМЕНИ:
-     ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАБРАНА;
-     ВИСИНА НА НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА.

-     Покренување на прекршочна постапка
-     Одлагање на извршување на одлука
-     Право на жалба
-     ИЗМЕНИ:
-     РОК ЗА ЖАЛБА;
-     ПРЕКРШОЧЕН ОРГАН.

III.    ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
-       Основи за прекршочна одговорност
-       ИЗМЕНИ: 
-      ОПРЕДЕЛЕУВАЊЕ И ПРОПИШУВАЊЕ НА ГЛОБИТЕ;
-      ГЛОБИ ВО РАСПОН;
-      КРИТЕРИУМИ (ВКУПЕН ПРИХОД, БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ, ПРЕТХОДНО ИЗРЕКУВАЊЕ ГЛОБИ)
.

-    ПРЕКРШОЧЕН ОРГАН
-    ИЗМЕНИ: 
-    СУД НАСПРОТИ ПРЕКРШОЧНИ ОРГАНИ;
-    ПОРАМНУВАЊЕ.

IV.   ОБЛАСТИ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ВО СФЕРАТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
-    Засновање на работен однос:
-    Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
-    Задолжителни елементи на договорот за вработување.
-    Работно време, паузи и одмори:
-    Полно и скратено работно време, прекувремена работа, работа ноќе, нивна евиденција и обврска за пријава во Државниот инспекторат за труд;
-    Дневен, неделен и годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор);
-    Откажување на договорот за вработување – дозволеност на отказ од страна на работник и од страна на работодавач;
-    Корисни документи за работодавачите: контролни листи на побарувани акти и документи во насока на превентивна заштита и известувања за прекувремена работа, работа ноќе и работа на државен празник.

Предавачи: 

- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

- Злате Стојановски, Државен советник при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 18.12.2020

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 10.02.2021
ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“