Стопанската комора на Македонија во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи од Италија, и во соработка со Европскиот институт за Иновации и технологија (ЕИТ) од јужна Италија, Ве поканува да земете учество на претстојната „виртуелна работилница“ на тема: „ЦРМ иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)
ЕИТ (RawMaterials) е меѓународна платформа за иновации финансирана од Европскиот институт за Иновации и технологија (ЕИТ), и преку центарот на иновации на знаење (КИЦ), ќе имаат за цел да ги промовираат иновациите во образованието во Европа, поддржувајќи го претприемништвото со нови идеи од пазарот.
Суровините на ЕИТ започнаа на крајот на 2014 година и се особено значајни за решавањето на глобалните предизвици за снабдување со суровини во Европа, преку програми и проекти кои имаат за цел да развијат технологија низ целиот синџир на вредносни суровини: од истражување на ресурси, до рударска индустрија, од металуршки процеси до замена на критични или токсични или многу ретки суровини, од рециклирање и повторна употреба на материјали за краен производ до дизајн на производи за циркуларна економија.
Како дел од програмите за регионален развој, EIT RawMaterials го создаде и Регионалниот центар на Јужна Италија (РЦСИ), лоциран во италијанскиот регион Пулеа, координиран од ЕНЕЕА, со цел да се зголеми вклучувањето на локалните екосистеми во активностите на КИЦ и неговото партнерство и има за цел преку нови организации да се промовира учеството на најиновативните индустрии на МСП (мали и средни претпријатија), како и на вклучување на престижни универзитети и истражувачки центри.
Дводневната меѓународна виртуелна работилница за CRM иновации претставува вистинска можност за компаниите, универзитетите, истражувачките институции и јавните администрации.да се запознаат со најновите трендови на иновациите од различни аспекти на суровини.
Со пријавување на „онлајн“-платформата, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници и Агендата.
Учеството на настанот е бесплатно со претходна регистрација за учество на следниот линк: https://connect.portici.enea.it/crm_dec2020/event/registration.html
Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна:https://www.enea.it/it/seguici/events/crsi_dec2020/international-virtual-workshop-on-crminnovation-frontiers201d
Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: ажуриран веб пребарувач, микрофон и веб-камера.