Во денешното работење MS Excel, претставува незаменлива деловна алатка која е неопходен дел од деловната писменост. Правилната употреба и познавањето на работата во MS Excel го чини работењето многу полесно и побрзо. Познавањето на MS Excel е предност во било која дејност или занимање поради што инвестирањето во практичната обука за оваа програма е непогрешлив избор.
Семинарот посветен MS Excel 2016 овозможува за најкратко време, оспособување за уредување, анализа и презентирање на податоци во Excel. Семинарот е интерактивен, осмислен на начин кој овозможува преку примери и вежби да се совладаат функциите кои оваа програма ги нуди како што се: работа со податоци и табели, пресметки и функции, управување со податоци, условно форматирање, валидација на податоци, користење на What if анализата за лесно додавање, промени и бришење на сценарија, како и пивот табели - еден од скриените адути на Ексел со што значително се скратува времето на работа. Семинарот вклучува и креирање на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки.
Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните алатки кои ги нуди оваа програма, пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаења да ги применат на своето работно место. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.
Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Работа со табели;
• Групирање на податоци;
• Валидност на податоци;
• Условно форматирање;
• Работа со формули и функции;
• Креирање сценарија;
• Замрзнување редици/колони;
• Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• Заштита на работни листови и датотеки.
По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Практично применува табеларни пресметки;
• Групира податоци и работи со големи табели;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Применува условно форматирање и валидација на податоци;
• Креира графикони во рамки на ќелија;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
• Заштитува работни листови и датотеки;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи.
Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации;
- Подобар увид во работењето.
Предавач:
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 19 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот.
Рок за пријавување: 9.12.2020 година.