Стопанската комора на Македонија како дел од Коморскиот инвестициски форум „КИФ“, во рамки на заедничкиот проект за „Коморско партнерство на Западен Балкан“ со Германската асоцијација на трговско-индустриски комори (DIHK), со поддршка на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, организира дводневен онлајн настан за вмрежување и билатерлани средби “LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY” што ќе се одржи на 25 и 26 февруари 2020 година.
Дводневниот онлајн настан е наменет за вмрежување и билатерлани средби меѓу германски компании вклучени во синџирите на снабдување со квалификувани производители во автомобилската, металната, метало-преработувачката и сите комплементарни индустрии од регионот на Западен Балкан, со цел да се овозможат нови партнерства.
Компаниите ќе имаат можност преку платформа за закажување и одржување на состаноци, претходно сами да ги договорат билатерланите состаноци со компании од нивен интерес. Претходно договорените сесии се со времетраење од 20 минути, кадешто учесниците ќе можат да воспостават комуникација, да ги презентираат своите производи и да идентифукуваат нови деловни мокжности.
Сектори од интерес:
- Обработка на метали и производство на алати
- Метална конструкција и инженерство
- Автомобилска индустрија
- Метални компоненти за електроиндустрија
- Друго
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со прегистрација на следниот линк: https://wb6-germany-metal-b2b-2020.b2match.io/home , кадешто воедно ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.
