Семинар 17.12.2020 “НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“

„онлајн“-семинар 10:00-14:00 часот

Цел и придобивки:

Бенефиции за вас и вашата организација:
• На компаниите им требаат извештаи од кои јасно се гледаат резултатите од работењето. Како истите да се создадат брзо и ефективно? Како истите да бидат     прегледни и разбирливи? Како да станете експерт за подготовка на извештаи?
• Тоа е можно со користење на напреден Excel. Сепак, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel.
• Овој тренинг објаснува напредни техники за анализа на продажбата во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот     нивната работа се забрзала и до 10 пати!
• Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.

Клучни карактеристики на семинарот:
• работа на практични примери (продажба);
• фокусиран, интензивен тренинг во еден ден;
• напредни техники во Excel.

Содржина:

На тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажбата. Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на семинарот:
Јас сум аналитичар на продажба или одговорен за продажбата на фирмата:
  - Како да создадам во Ексел табели и графикони со преглед на продажбата компанијата?
  - Како да добијам преглед на продажбата по продавачи/продавници во 1 минута?
  - Како да добијам прегледи на продажбата по региони, месеци, квартали?
  - Како да добијам преглед на најголеми купувачи во 1 минута?
  - Како да добијам преглед на наплатата?
  - Како да извлечам трендови на продажбата?
  - Како да ги форматирам показателите?
  - Како да создадам сеопфатен “жив извештај“ со сите симулации?
  - Како да направам анализа на профитабилноста?
  - Анализа на стапките на раст?


На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• Создавање на графикони и worksheet-ови;
• Pivot tables and Dashboards;
• Форматирање на графикони;
• Користење на Slicers;
• Функции (vlookup);
• What if анализа (data table, goal seek, scenarios, formula auditing);
• Custom formatting;
• Shortcuts (кратенки);
• Charts (графикони);
• Tips & tricks (трикови).

Краен резултат:

Целосен извештај за продажбата на компанијата (Dashboards)

За кого е наменет „онлајн“-семинарот:
За сите оние кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа во Excel, како и за сите оние кои сакаат поефикасно да ги извршуваат своите задачи. 

ВАЖНА НАПОМЕНА: учесниците да имаат лап-топ компјутери со инсталиран Excel (по можност 2013)

Предавач:
Проф. д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.

Последен рок за пријавување: 15.12.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 10.02.2021
ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“