Семинар 26.11.2020 КАКО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ ВО ПРОЦЕСОТ НА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА (практични чекори за вклучување на компаниите, подготовка на компаниите за учење преку работа, спроведување и поддршка во процесот)

вебинар 10:00-11:30 часот



Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство, да Ве поканиме да присуствувате на вебинарот на тема: „Како да се вклучите во процесот на учење преку работа“  што ќе се одржи на 26 ноември 2020 година (четврток), со почеток во 10:00 часот
Целта на вебинарот e да се подигне свеста за придобивките и поголемо вклучување на приватниот сектор во иницијативите за учење преку работа; да се презентираат чекори што треба да се преземат пред, за време и по завршувањето на учењето преку работа во компаниите; да се потенцира улогата на Стопанската комора што може да ја игра во текот на целиот процес во олеснувањето на компаниите при нивното вклучување во процесот и  да се одговори на сите отворени прашања и проблеми со кои се соочуваат компаниите во вклучувањето во процесот на учење преку работа.

На вебинарот свое учество ќе земат г-динот Дидиер Гелиберт-експерт  за вклучување на приватниот сектор во учењето преку работа од Европската фондација за обуки при Европската Комисија, Анета Петровска-Русомароски, проект менаџер на Проектот „20-20-20” кои први го имплементираа учењето преку работа и м-р Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија, а се опфатени компании кои имаат потреба од обезбедување стручен кадар за нивно вклучување во иницијативите за учење преку работа.

Вашето присуство на вебинарот можете да го потврдите кај контакт лицата, најдоцна до 24 ноември 2020 година.

Контакт лице: Михајло Донев, тел. 075 29 50 62, eлектронска пошта: mihajlo@mchamber.mk и м-р Елизабета Андриевска Ефтимова, тел. 070 23 96 37, eлектронска пошта: beti@mchamber.mk 

А Г Е Н Д А

09.45 – 10.00      Вклучување во вебинарот

10.00 – 10.05      Вовед и цели на вебинарот

10.05 – 10.20      Придобивките за компаниите кои се вклучени во учењето преку работа 
                            - Дидиер Гелиберт,  ЕТФ, експерт  за вклучување на приватниот 
                             сектор  во учењето преку работа   

10.20 – 11.00      Спроведување на учење преку работа: практични чекори за вклучување         
                           во процесот на учење преку работа - Анета Петровска –  Русомароски
                           ЕВН, Македонија, проект менаџер на Проектот 20-20-20

                           - проценка на потребите од кадар
                           - подготвителна работа
                           - почеток и имплементација
                           - осигурување и подобрување на квалитетот

11.00 – 11.15      Иницијативи и услуги на Стопанската комора на Македонија за 
                           поддршка на поголема вклученост на компаниите – м-р Наташа 
                           Јаневска, Стопанска комора на Македонија 

11.15 – 11.30      Дискусија 


Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
Организација и реализација, на работењето во писарницата, управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата, пристап, селекција, складирање, чување и поништување на документи
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“