Семинар 19.11.2020 МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ

„онлајн“-обука 10:00 – 13:30 часот

Среќните и вредни вработени ја зголемуваат продуктивноста и го катапултираат бизнисот до раст и успех, додека незадоволните вработени стануваат мрзливи, ги кочат развојните процеси, не се продуктивни ни за себе, ни за компанијата. Управувањето со вработените понекогаш е сложен предизвик, особено кога има неколку различни генерации на вработени кои  имаат различни цели, различна мотивација и различен став кон работата. За успешно управување со вработените и константно одржување на високо ниво на мотивација, потребно е да се применуваат одредени мотивациски техники. Вработениот е најмотивиран да направи нешто кога тој самиот тоа го посакал. Затоа, она што работодавците може да го направат за своите вработени е да ја разбудат нивната лична мотивација и нивниот внатрешен потенцијал.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 19 ноември 2020 година организира „онлајн“-обука на тема: „Мотивација на вработените“ која има за цел да се стекнете со ефективно знаење и решенија за тоа како да се мотивираат сите вработени, па и незадоволните, како да се подобрат емоциите на работното место, каде да се корегира менаџментот за промена на задоволството кај вработените и сл.  

За кого е наменета обуката?
Обуката е приспособена за претставници на бизнис-заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент, како и за сите вработени кои сакаат да развијат вештини за себе - мотивација и мотивација на своите колеги во тимот. На обуката ќе научите повеќе за техниките на мотивација кои го зголемуваат личното задоволство, кое носи успех во сите сегменти на бизнисот.  

Придобивки од обуката:
• зголемена само-мотивација;
• препознавање на незадоволни вработени и стопери во процесите на работа;
• мотивација  на незадоволните вработени;  
• подобрување на емоциите кај стоперите и незадоволните вработени;
• подобрување на моралот на вработените;
• променети ставови за работата;
• зголемена ефективност, ентузијазам и продуктивност;
• зголемена сигурност и самодоверба;
• среќни вработени.

ПРОГРАМА

I Модул
• Што е мотивација и кои се најбитни техники за да се мотивираат сите вработени, па дури и незадоволните? 
• Како да препознаете кој од вработените се само објективно незадоволни, а кои се стопери во компанијата?

II Модул

• Техника со која ќе ги подобрите емоциите на вработените на работното место
• Техника како да ги направите вработените поефикасни и продуктивни 
• Која е според анкетите најважната награда за еден вработен која доколку не ја добие со сигурност ќе биде незадоволен ( не се парите).

III Модул
• Како до повисок морал и кај менаџментот и кај вработените?
• Што треба менаџментот да корегира за да се промени задоволството и мотивираноста кај незадоволните вработени.

IV Модул    
• Скала на мотивираност 
• Како да се кренат вработените на највисоко ниво на мотивираност

Предавач:

Д-р Жарко Костиќ, доктор по медицина, мотивациски говорник и тренер за личен развој. После завршувањето на Медицинскиот факултет д-р Костиќ својот интерес го насочува кон тоа како да го зголемиме нашиот умствен и духовен потенцијал, а со тоа и како да ја зголемиме мотивацијата и како да го редуцираме стресот. Токму на овие и слични теми д-р Костиќ има одржано над 2000 предавања и над 350 ТВ, радио и онлајн емисии, а воедно е и автор и водител на мотивациската ТВ емисија „Откриени тајни“.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;     
- работни материјали во електронска верзија и    
- e-сертификат за учество на семинарот.       

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 16.11.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“
Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“