Online Бизнис средби 04.11.2020 - 05.11.2020 „Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020

Сараево, Босна и Херцегоцвина, Босна и Херцеговина

Стопанската комора на Македонија во соработка со Надворешно трговската комора на Босна и Херцеговина и Европската претприемачка мрежа, со поддршка од Европската агенција за развој на Бања Лука, Ве поканува да земете учество на претстојниот „онлајн“ саем за метало- преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020.

Match & Innovate 2020 претставува виртуелен саем на кој меѓународните посетители (увозници, добавувачи на суровини или компоненти, инвеститори и сл.) ќе имаат можност да се поврзат со добавувачи, производители или проектни партнери меѓу компании од метало-преработувачкиот сектор во Босна и Херцеговина (изложувачи).

B2B деловните средби се наменети за:

  • Увозници / дистрибутери / трговија на големо;
  • Производители;
  • Добавувачи на суровини или компоненти;
  • Добавувачи на опрема за производство и резервни делови;
  • Консултантски услуги и
  • Инвеститори.

На B2B деловните средби ќе учествуваат производители од следните таргетирани групи:

  • Обработка на метали и производство на алати;
  • Метална конструкција и инженерство;
  • Автомобилска индустрија;
  • Метални компоненти за електроиндустрија и
  • Друго.

Учеството на настанот е бесплатно. Со пријавување на „онлајн“-платформата, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници, по што сами ќе можете да ја креирате својата агенда и да ги договорите билатералните состаноци.

Виртуелниот саем ќе се одржи во периодот од 4-5 ноември 2020 година. Рокот за пријавување е до 5-ти ноември 2020 година (четврток), на следниот линк: https://match-innovate-2020.b2match.io/signup

Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: компјутер или мобилен телефон со функционална камера и микрофон. Вашите состаноци ќе се одвиваат преку веб Б2Б платформата, без потреба од дополнителен софтвер.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://match-innovate-2020.b2match.io/


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015