Семинар 13.11.2020 Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Онлајн семинар

Програмата за табеларно пресметување, MS Excel, претставува исклучително моќна и корисна алатка без која е незамисливо функционирањето како на малите претпријатија, така и на големите корпорации. На секоја компанија и е потребен вработен кој вешто се справува со табели и графикони. Денес, кога времето е пари, посебно се ценат и наградуваат оние кои работата ја извршуваат побрзо и поефикасно. Познавањето на MS Excel е предност во било која дејност или занимање поради што инвестирањето во практичната обука за оваа програма е непогрешлив избор. 
Онлајн семинарот посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, оспособување за самостојна анализа на голем број на податоци во Excel. На овој семинар ќе се стекнете со практични знаења за една од најпопуларните и најчесто користени функции – VLOOKUP, но и за други функции корисни во секојдневното работење. Семинарот опфаќа условно форматирање, валидација на податоци, како и пивот табели - еден од скриените адути на Ексел со што значително се скратува времето на работа. Семинарот вклучува и креирање на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки. Главна карактеристика на современото работење се брзите и непредвидливи промени поради што понекогаш е потребно да се направат повеќе варијанти на извештаи, земајќи ги во предвид неколкуте можни алтернативни вредности на податоци. За таа цел се користат сценаријата чија практична примена исто така е вклучена во семинарот. Excel нуди можност за лесно додавање, промени и бришење на сценарија.
    Онлајн семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните алатки кои ги нуди оваа програма, пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаења да ги применат на своето работно место. Составен дел од семинарот се примери од секојдневната практика. 

Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016. 

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
- Работа со табели;
- Групирање на податоци;
- Валидност на податоци;
- Условно форматирање;
- Работа со формули и функции;
- Креирање сценарија;
- Замрзнување редици/колони;
- Графички приказ на податоци во рамки на ќелија (Sparklines);
- Пивот табели;
- Креирање контролни табли (Dashboards);
- Заштита на работни листови и датотеки.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
- Практично применува табеларни пресметки;
- Групира податоци и работи со големи табели;
- Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
- Применува условно форматирање и валидација на податоци;
- Креира графикони во рамки на ќелија;
- Користи пивот табели;
- Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов поглед на деловните информации;
- Заштитува работни листови и датотеки;
- Користи контролни табли за креирање комплексни анализи.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации;
- Подобар увид во работењето.

Предавач: 
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 19 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.    

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.

Рок за пријавување:11.11.2020 година.
 
Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“
Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“