Семинар 04.12.2020 ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS

„онлајн“-семинар 10:00-15:30

Она што не’ опкружува сите, а ретко сме свесни за истото е дигиталниот маркетинг. Токму тој е клучот на успехот кога станува збор за целосна дигитализација на бизнисите. Се’ повеќе компании тежнеат кон дигитализирање на процесите на присуството на пазарот, маркетингот и продажбата. 

Секој бизнис има различни потреби и можности за остварување на својот потенцијал на пазарот. Она што е добро за дигиталниот маркетинг е што сите податоци се мерливи и реално го прикажуваат успехот или неуспехот на активностите. Затоа, од особено значење е сите компании кои сакаат да бидат во чекор или пред конкурецијата, да бидат активни во дигиталниот свет. Потребата да се биде присутен на дигиталниот пазар, ја повлекува и потребата истото да биде мерливо и да се следи напредокот и ситуацијата во секој поглед. Во време кога голем дел од популацијата во светот поминува барем по еден час дневно на својот мобилен телефон и посетува различни видови на веб-страници, компаниите сфаќаат дека дигиталниот маркетинг како креирањето и присутноста на бизнисот преку една веб-страница е многу голем фактор за успех на бизнисот. 

За да го оцените перформансот на вашиот веб-сајт, да ги прочитате податоците и на таа основа да креирате нова растечка стратегија, Стопанската комора на Македонија, на 
4 декември 2020 година, организира „онлајн“ семинар на тема: „ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS“. Овој семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите, чиј бизнис се сведува на една веб-страница, да ги читаат, мерат споредуваат резултатите, се’ со цел да придонесат повеќе во некоја нова иновативна стратегија. Семинарот ќе ги опфати темите за основите на платформата на Google Analytics, нејзините алатки и можности за маневрирање низ теоретски и практични примери. 

Целна група:
Овој семинар е наменет за вработени во маркетинг сектор кои работат во областа на дигиталниот маркетинг или сакаат да научат нешто од оваа област, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да го  разберат сообраќајот на нивната веб-страница.

ПРОГРАМА 

ПРВ ДЕЛ:
● Вовед во Google Analytics:
  - Што е Google Analytics?
  - Каква примена има?
  - Како изгледа, како се користи?

● Креирање и поставување на account:
  - Што е Google Tag Manager?
  - Креирање на account;
  - Tracking Code;
  - Главни поставки (Account, Property,View);
  - Основна терминологија.

ВТОР ДЕЛ: 
● Goals, Filters, Events:
  - Што е Goal? 
  - Како се креира, поставува и следи Goal?
  - Што е Filter?
  - Како се поставува Filter?
  - Што е Event?
  - Како се креира Event? 

ТРЕТ ДЕЛ:
● Извештаи и контролна табла:
  - Какви извештаи има на платформата на GA?
  - Како се читаат? 

ЧЕТВРТ ДЕЛ:
● Прашања и совети од предавачот

Предавач:   

- Сара Стојковска, Marketing Data Analyst во Vrootok – Google Analytics експерт, сертифициран DMI предавач и ментор во Galeksia Module: Analytics with Google Analytics. Таа е аналитичар на податоци, со долгогодишно искуство во неколку компании во соработка со клиенти од различни индустрии. Обработува и анализира извештаи со повеќе од 40 страни, кои содржат над 100 KPIs и преку интерпретирање на информациите од тие податоци, донела раст на многу од клиентите.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;     
- работни материјали во електронска верзија и    
- e-сертификат за учество на семинарот.       

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 04.12.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ