Online Бизнис средби 04.11.2020 - 06.11.2020 ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“

Online, Турција



 

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи и Индустриската комора на Анкара, Турција,  Ве поканува да земете учество на претстојниот  Виртуелен настан за вмрежување и билатерални деловни средби во рамките на Саемот за енергија  „EIF World Energy Congress and Expo“.

Овогодинешниот настан за вмрежување на сите учесници ширум светот им нуди единствена прилика да генерираат нови бизнис можности од областа на; обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, дигиталните технологии за интеграција; оптимизација на енергетските системи, алтернативните извори на енергија; заштеда на енергија, складирање на енергија, јаглен, нафта и гас, електрични возила; производство, пренос и конверзија на енергија и нуклеарната енергија, преку однапред закажани деловни средби со:

    • големи, мали и средни претпријатија;
    • истражувачки институции;
    • јавни и приватни претпријатија и организации;
    • здруженија;
    • старт-ап компании.

Дводневниот Виртуелен настан за вмрежување и билатерални деловни средби ќе се одржи во периодот од 4 до 6 ноември 2020 година.

Сите компании, заинтересирани за учество на деловните средби, можат да се регистрираат на https://www.maabir.co/signup.  Рокот за регистрација е најдоцна до 3 ноември 2020 година. Учеството на настанот е бесплатно.

Откако ќе се регистрирате, задолжително морате да изберете барем еден партнер за деловни средби, во согласност со Вашите деловни преференции. Деловните состаноци е предвидено да се реализираат во времетраење од 20 минути.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://www.maabir.co/.


Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 14.12.2021
Управување со медицински отпад
Семинар, 15.12.2021
Напреден Ексел за анализа на продажбата со пивот табели и “живи“ графикони
Семинар, 16.12.2021
Задолжително заклучување - затварање на деловодник, подготовка на овластувања за работа во писарницата за наредна година, подготовка и собирање на списите за враќање во писарница согласно законската регулатива и нивно складирање
Семинар, 17.12.2021
Практичен MS Excel 2016 во канцелариско и магацинското работење
Работилница, 20.12.2021
РАБОТА ОД ДОМА , ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ПРАВИЛНА ПРЕСМЕТКА НА ДЕНОВИ ОД ГОДИШЕН ОДМОР, ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, РАБОТА НОЌЕ, ИНСПЕКСИЦСКИ НАДЗОР
Семинар, 22.12.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Тренинг обука, 24.01.2022
КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКИ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО POWER BI
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“
Саем, 31.03.2022
„DUBAI EXPO 2020”