Online Бизнис средби 01.12.2020 - 04.12.2020 ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“

Онлајн, Франција

 

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи од Франција, Ве поканува да земете учество на претстојните Виртуелни билатерални деловни средби „Green Days во рамките на Саемот за животна средина, енергија и циркуларна економија Pollutec“.

Саемот „Pollutec“, којшто оваа година се организира по 29-ти пат,  е најголемиот меѓународен саем за животна средина, еколошка и енергетска опрема, технологии и услуги. Овогодинешниот саем ќе се реализира виртуелно во периодот од 1 до 4 декември 2020 година, опфаќајќи 10 сектори од областа на животната средина, енергетиката и циркуларната економија: отпад, вода, енергија, инструментација - метрологија – анализа, управување со ризици, одржливи градови, биодиверзитет и др.

„Green Days“ е официјален B2B настан организиран во рамките на саемот „Pollutec“, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи, а истиот е наменет за:

- Мали и средни претпријатија;

- Истражувачки центри;

- Агенти;

- Дистрибутери;

- Финансиски друштва;

- Изложувачи и посетители.

Сите компании, заинтересирани за учество на деловните средби, можат да се регистрираат на https://green-days-pollutec-2020.b2match.io/. Рокот за регистрација е најдоцна до 13 ноември 2020 година. Учеството на настанот е бесплатно.

Откако ќе се регистрирате, ќе можете да закажете деловни состаноци, во согласност со Вашите деловни преференции. Изборот на партнери за билатерални средби ќе биде возможен во периодот од 5 до 15 ноември 2020 година.  

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: : https://green-days-pollutec-2020.b2match.io/ или во брошурата/агендата во прилог.

Агенда на настанот

Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ