Работилница 26.10.2020 ВОСПОСТАВУВАЊЕ ИНТЕРНА ПРОЦЕДУРА ЗА ПОДГОТОВКА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА

„онлајн“-семинар 10:00-14:30

Стопанската комора на Македонија, на 26 октомври 2020 година, организира „онлајн“ работилница на тема: „Воспоставување интерна процедура за подготовка и спроведување на дисциплинска постапка, отказ на договорот за вработување и други основи за престанок на работниот однос“
Како едно од прашањата кое се актуелизираше во изминатиот период, на работилницата ќе биде детално и практично разгледана дисциплинската постапка, почнувајќи од условите и методите за нејзино спроведување, сé до последователните дејствија по нејзиното заклучување. Особен акцент ќе се стави на информирање на слушателите за важноста на подготовката и примената на интерен акт за воспоставување на јасна интерна процедура за дисциплинска постапка. 
Со цел да се заокружи правната поставеност на дисциплинската постапка, која е предвидена при прекршување на работниот ред и дисциплина од страна на работникот, покрај тој основ, ќе бидат разгледани и останатите законски предвидени причини за откажување и престанок на договорот за вработување.
Дополнително, ќе се анализираат правата и обврските на работникот и работодавачот, а особено ќе се разгледаат конкурентската забрана и конкурентската клаузула и нивното ефектуирање во деловното работење.
Работилницата ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите и ќе овозможи тие да се стекнат со вештини за правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област.

ПРОГРАМА

I.   ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
- Законска регулатива;
- Основи за спроведување дисциплинска постапка – кршење на работен ред и дисциплина;
- Дисциплинска постапка во услови на непочитување на имплементирани интерни мерки.

- ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
- Елементи на интерниот акт;
- Услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка.


II. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
- Обврски на работникот: Обврски на работникот во врска со вршење на работата, почитување на упатствата на работодавачот, почитување на прописите за заштитата при работата, обврска на известување, забрана на штетно однесување, обврска на чување на деловна тајна, конкурентска забрана и конкурентска клаузула;
- Обврски на работодавачот: Обезбедување на работа, плаќање за вршење на работата, обезбедување на безбедни работни услови, штитење на личноста на работникот, заштита на личните податоци на работникот;
- Обезбедување на работници со огласување на работното место.

ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
- Начини на престанување на важноста на договорот за вработување 
- Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време; 
- Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот, односно работодавачот (физичко лице);
- Престанување на важноста на договорот за вработување поради поведување постапка за престанок на работодавачот;
- Раскинување на договорот за вработување со спогодба.

III.    ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ И РАБОТОДАВАЧОТ
- Дозволеност, форма и содржина и врачување на отказ;
- Основани и неосновани причини за отказ;
- Понуда на нов променет договор пред отказ;
- Постапка и откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот;
- Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски;
- Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок;
- Отказни рокови: минимални отказни рокови, течење на отказен рок, паричен надоместок наместо отказен рок;
- Права и обврски на страните за време на отказниот рок;
- Други основи за престанок на договорот за вработување.

Предавачи: 

- Злате Стојановски, Државен советник при Државниот инспекторат за труд.

- Викторија Спасовска - Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

- напатствија за приклучување кон „онлајн“-платформа;
- електронски работен материјал;
- е-сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 21.10.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015