Online Бизнис средби 02.12.2020 Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“

Онлајн, Турција

Стопанската комора на Македонија во соработка со Европскиот бизнис центар ABİGEM East Marmara и Индустриска стопанска комора од Коџаели, Р. Турција, а во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве поканува да земете учество на претстојниот Виртуелен настан и билатерални средби „Match4Industry Business Matchmaking Event“.

Учесниците ќе имаат можност да откријат нови пазари и деловни можности во Р. Турција и пошироко, како и да истражат иновативни идеи за развој и производи од компаниите-лидери во индустријата и инвестициите од Коџаели, Р. Турција, што претставува основа на автомобилската индустрија со инвестиции на „Форд“, „Хјундаи“, „Хонда“, „Изузу“, како и индустријата за гуми „Гудјиар“, „Пирели“, „Ласа-Бриџстоун“ и „Озка“ како гиганти во секторот.

Виртуелниот настан е наменет за следните сектори:

  • автомобилската индустрија;
  • хемиската индустрија;
  • градежната индустрија и индустријата на градежни материјали;
  • металната и машинската индустрија;
  • електроиндустријата;
  • индустријата за ластика и гума;
  • енергетиката;
  • животната средина и
  • информациски и комуникациски технологии.

Учеството на настанот е бесплатно. Со пријавување на виртуелниот настан, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници, по што сами ќе можете да ја креирате својата агенда и да ги договорите билатералните состаноци.

Виртуелниот настан ќе се одржи на 2 декември 2020 година. Рокот за пријавување е најдоцна до 30 ноември 2020 година, на следниот линк: https://match4industry-2020.b2match.io/signup

Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: компјутер и добра интернет-конекција.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://match4industry-2020.b2match.io/home

ЕЕН-мрежата на Р. Турција Ви нуди професионална помош пред и за време на настанот.

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“
Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“