Online Бизнис средби 03.11.2020 - 05.11.2020 ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“

Онлајн, Босна и Херцеговина



Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи од Босна и Херцеговина и SERDA - Сараевската регионална развојна агенција, Ве поканува да земете учество на претстојните Виртуелни билатерални деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2020“, што ќе се одржи од 3 до 5 ноември 2020 година.

Самитот за безбедност „Security Summit 2020“ има за цел на едно место да ги собере професионалците и експертите од индустријата за безбедност, заштита и IoT од регионот, како и од цела Европа. Листата на учесници ги вклучува производителите, дистрибутерите, системските интегратори, инсталатери и менаџери на проекти, менаџери за безбедност, сопственици на мали и средни претпријатија, претставници на владини агенции за безбедност, како и крајни корисници.

Во кратки црти, овогодинешниот самит е наменет за сите компании од областа на:

• техничка заштита и решенија;

• безбедносни услуги;

• ИТ и IoT;

• комуникации / транспорт;

• енергија и животна средина;

• финансии;

• инженерство и архитектура;

• Владата и војската.

Програмата за вмрежување ги поддржува компаниите и им нуди можност за меѓународно поврзување со идни партнери и соработници. Во рамките на Самитот, деловните средби ќе се реализираат „онлајн“, во периодот од 9:00 часот наутро до 18:00 часот попладне, почнувајќи од 3 до 5 ноември 2020 година.

Сите компании, заинтересирани за учество на деловните средби, можат да се регистрираат на https://securitysummit2020.asadria.b2match.io/signup. Рокот за регистрација и избор на компании за деловни средби е од 7 октомври до 2 ноември 2020 година. Учеството на настанот е бесплатно.

Откако ќе се регистрирате, ќе можете да изберете и кој ден од настанот Ви е најпогоден и веднаш да закажете деловен состанок, во согласност со Вашите деловни преференции. Состаноците ќе се одржат на самата платформа на настанот, а единствената опрема што ќе Ви биде потребна е компјутер, таблет или паметен телефон (со функционална камера и микрофон).

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://vsecuritysummit.com/about-us-2/.


Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 14.12.2021
Управување со медицински отпад
Семинар, 15.12.2021
Напреден Ексел за анализа на продажбата со пивот табели и “живи“ графикони
Семинар, 16.12.2021
Задолжително заклучување - затварање на деловодник, подготовка на овластувања за работа во писарницата за наредна година, подготовка и собирање на списите за враќање во писарница согласно законската регулатива и нивно складирање
Семинар, 17.12.2021
Практичен MS Excel 2016 во канцелариско и магацинското работење
Работилница, 20.12.2021
РАБОТА ОД ДОМА , ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ПРАВИЛНА ПРЕСМЕТКА НА ДЕНОВИ ОД ГОДИШЕН ОДМОР, ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, РАБОТА НОЌЕ, ИНСПЕКСИЦСКИ НАДЗОР
Семинар, 22.12.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Тренинг обука, 24.01.2022
КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКИ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО POWER BI
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“
Саем, 31.03.2022
„DUBAI EXPO 2020”