Семинар 27.10.2020 ПРАВЕН АСПЕКТ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА – ПРАВА, ОБВРСКИ И ВИДОВИ ДОКАЗИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА

„онлајн“-семинар, 10:00-13:30 часот

Стопанската комора на Македонија организира „онлајн“-семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, согласно видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право.

Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување.
На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување.

ПРОГРАМА
• Договор за превоз:    
  - Карактеристики;     
  - Обем на права и обврски;    
  - Основи за одговорност;    
  - Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка.    

Договор за шпедиција:    
  - Карактеристики;     
  - Обем на права и обврски;    
  - Основи за одговорност;     
  - Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и законските застапници. 
 
Предавач:

- Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:    
 - упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;     
 - работни материјали во електронска верзија и    
 - e-сертификат за учество на семинарот.   

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 23.10.2020 година.

Листа на едукативни настани за месец октомври, 2020 година

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“
Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“