Семинар 28.10.2020 - 29.10.2020 УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ

„онлајн“-дводневен семинар 10:00-13:30

Стопанската комора на Македонија, на 28-29 октомври 2020 година, организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ.

Цел на семинарот:    

Целта на семинарот е запознавање на учесниците на семинарот со управувањето со процесот на набавка, учесниците во набавките - купувачите, добавувачите, интерната комуникација во организацијата - набавка - нарачател, комуникација со добавувачите, приоритети кај набавките, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, оценување на добавувачите - критериуми за оценување.

За кого е наменет семинарот?

За сите вработени кои се вклучени во управување со процесот на набавка - раководители на набавки, менаџери на набавки и останатите кои се занимаваат со логистичка работа во организацијата (набавки, магацинско работење, транспорт).

ПРОГРАМА

1. Поим и значење на процесот на набавки;
2. Цели и задачи на процесот на набавки;
3. Анализа на содржината на самиот процес на набавка во една организација - SWOT анализа во процесот на набавка;
4. Препознавање на релевантните заинтересирани страни во процесот на набавка - идентификација на заинтересираните страни и нивните очекувања, како и нивното влијание во процесот на набавки;
5. Ризици при набавките;
6. Организација на службите за набавка во организацијата - вработени во службите за набавка;
7. Работна политика на набавките;
8. Планирање на набавките:
   - усогласување на критериумите за набака со нарачателите (производство, малопродажба, сервис) со акцент на дефинирање на критериумите за квалитет;
9. Методи и канали на набавка:
   - преговарање во тек на набавката на производи и услуги;
10. Трошоци за набавките;
11. Евиденција на набавките;
12. Анализа на набавките.

Предавач:  

- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и виш стручен консултант за  проектирање и имплементација на современите ситеми за менаџмент -  ISO 9001, ISO 14001:2015, OHSAS 18001, ISO/IEC 27001:2013, ISO 20000-1:2018, ISO 22301:2012, ISO 31000:2018, ISO 37001:2016, GDPR. Акредитиран експерт-тренер од страна на PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Kanada) со повеќе од 150 тренизи во областа на систем менаџмент, процена на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).
Имплементирани проекти во Народна банка на Србија – ISO 22301,  Централна банка на БИХ – ISO 9001:2015 и ISO 27001:2013, Контрола на летање на Србија и Црна Гора SMATSA – Воспоставување на систем менаџмент за ризик ISO 31000, ЈКП „Инфостан технологија“ - ISO 9001:2015; ISO 27001:2013; ISO 37001:2016, ЈП „Електропривреда“ - ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, Национална служба за вработување – ISO 37001:2016, Пошта на Р. Србија – ISO 9001:2015, „Шнајдер Електрик“ - Србија – ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO 45001:2018; ISO 27001:2013;GDPR…

Работен јазик: српски.

За сите учесници ќе биде обезбедено:   
- упатства за приклучување на „онлајн“- семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и 
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 23.10.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“
Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“