Семинар 18.11.2020 ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ

„онлајн“-семинар 10:00-14:30

Кое е задоволително ниво на безбедност ИТ структурата? Колку продукти се потребни за да овозможат безбедност? Кои се тие? За безбедноста на ИТ структурата компаниите можат да потрошат многу средства обидувајќи се постојано да ги издржат злонамерните напади. Но, дали е тоа навистина потребно? Како да се испланираат доволно средства но и стручност за успешна имплементација на безбедна ИТ структура?

Овој семинар ќе овозможи да се запознаете со основните клучни фактори за успешно имплементирање на безбедна ИТ структура и како да ја надградите во иднина.  Исто така, ќе се претстават неколку сценарија за паметно планирање на средствата и ресурсите за обезбедување посакувано ниво на безбедност според големината на компанијата и карактеристиките на работење.

Семинарот е наменет за менаџментот на компанијата, раководители и вработени во службата за управување со безбедното работење, ИТ служба и служба за безбедност на информационите системи, одговорни лица за заштита на деловните информации и управување со оперативни ризици, како и вработени во деловните сектори и компании кои сакаат да го зголемат нивото на контрола над своите процеси во кризни ситуации и да продолжат со работење и по безбедносните напади, како и сите оние кои имаат потреба да заштитат и да зачуваат информации поврзани со клиентите и работењето поради висок степен на одговорност, регулаторни барања и ризици од секојдневното работење.
Препознавајќи ја големата важност за се поголема дигитализација и користењето на Интернет, изложеноста на ризици по безбедноста исто така се зголемува.

Основна цел на семинарот е да овозможи стекнување на знаења за планирање на соодветно сценарио за заштита, планирање на соодветни средства и обезбедување вистинска заштита и безбедно работење.

ПРОГРАМА

I. Основни елементи на безбедна ИТ структура
- Хардверски уреди за заштита;
- Софтверски алатки за заштита;
- Анализа на потребите за обезбедување потребно ниво на безбедност;
- Креирање сценарија за безбедност според потребите.

II. Основи на имплементација на безбедна ИТ структура
- Основи на мрежно поврзување, основни елементи на компјутерска мрежа;
- Пристап до мрежа;
- ИП конекции и сервиси;
- Основи на безбедност;
- Автоматизација и програмирање.

По завршување на семинарот, учесниците ќе бидат во можност:

- Да определат хардверски компоненти за дефинирање безбедна ИТ структура;
- Да одберат соодветна софтверска алатка за  конфигурирање безбедна ИТ структура;
- Да извршат анализа за потребите од ИТ безбедност за компанијата;
- Да креираат сценарија потребите во компанијата;
- Да вршат модификација и надградба на планови за заштита;
- Да поврзат мрежни уреди во соодветна конфигурација;
- Да конфигурираат пристап до компјутерската мрежа;
- Безбедно да конфигурираат ИП конекции;
- Ефикасно да користат ИП сервиси;
- Да постават параметри за автоматизирано работење на мрежата: PoE, Voice VLAN, QoS, Data VLAN;
- Да ја зголемат безбедноста на ИТ структурата во компанијата.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:

- Стекнување вештини потребни за безбедна ИТ структура;
- Оптимизација на ИТ структура;
- Стекнување вештини за имплементација на соодветно решение за заштита;
- Зголемување на нивото на безбедност на ИТ структурата;
- Креирање анализи и надградба на безбедна ИТ структура.

Предавач: 

Гордана Јанакиевска, дипломиран електро инжинер, информатичар, обучувач од областа на ИТ, имплементатор на ИТ безбедни решенија. Со безбедност на ИТ структура се занимава повеќе од 10 години. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Учесник е на бројни конференции, но и коавтор на прирачници за основно образование и друга стручна литература.

НАПОМЕНА: Семинарот ќе се реализа „онлајн“.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;    
- работни материјали во електронска верзија и    
- e-сертификат за учество на семинарот.   

Рок за пријавување: 13.11.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ