Работилница 19.10.2020 БОЛЕДУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО И ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ИСПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ,ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО НА ТОВАР НА РАБОТОДАВАЧОТ

„онлајн“-семинар 10:00-14:00

Стопанската комора на Македонија, на 19 октомври 2020 година, организира „онлајн“ работилница на тема: „Боледување, бременост, раѓање и мајчинство и други основи за исплаќање на надоместоци, додатоци на плата и трошоци поврзани со работењето на товар на работодавачот“. 

Во чекор со  потреби на деловните субјекти, наметнати од интензивните и чести регулативни промени поради моменталната состојба, за кои пак неопходна е брза адаптација, оваа работилница има за цел да обезбеди одговор на најделикатните прашања на слушателите во поглед на работните односи.

Пред сé, ќе се дискутира за времената неспособност за работа – боледување како основ за отсуство од работа. Ќе се разгледаат актуелните околности и специфичните категории на работници кои во периодот кој следува ќе користат боледување поради воведените заштитни мерки. Особено ќе се направи дистинкција на обврските на работодавачот наспроти оние на Фондот за здравствено осигурување во поглед на нивната улога на исплаќачи на надоместокот на плата. Потоа, ќе се дискутира и за отсуството од работа поради бременост, раѓање и мајчинство во контекст на моменталните случувања и обврските на засегнатите страни. Дополнително, ќе се направи преглед и на останатите основи за исплаќање надоместок на плата согласно законските и подзаконските прописи.

Со оглед на дилемите кои често се јавуваат во контекст на плаќањето на работата, на работилницата ќе се обработат и додатоците на плата, како и трошоците поврзани со работењето. 

ПРОГРАМА:

I.    БОЛЕДУВАЊЕ
- Законска регулатива;
- Боледување на товар на работодавач;
- Боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
- Надомест на плата и услови за негова пресметка и исплаќање;
- Боледување на лица кои не се враќаат на работа по престанок на привремени мерки на Владата.

- БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО
- Основ за платено отсуство;
- Висина и исплаќач на надоместокот на плата;
- Времетраење на отсуство.

-ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ИСПЛАЌАЊЕ НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА

-ДИСКУСИЈА И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

II. ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА
- Додатоци кои произлегуваат од работно време:
- работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на 
  дежурство, согласно со закон, продолжена работа, работа во ден на неделен
  одмор, работа во празници определени со закон, додаток за работен стаж
- Додатоци кои произлегуваат од условите на работата;
- Обврска на работодавачот и околности кога се исплаќаат додатоци.

III. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА 
- Службени патувања; 
- Користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот;
- Надомест за одвоен живот;
- Теренски додаток;
- Регрес за годишен одмор.

Предавачи: 

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати

- Викторија Спасовска - Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:    
 - упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;     
 - работни материјали во електронска верзија и    
 - e-сертификат за учество на семинарот.   

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 15.10.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 18.11.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“