Семинар 15.10.2020 ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ

„онлајн“-семинар 10:00-14:30

Видео надзорот станува се’ полесен. Опремата што се користи за мониторирање и надзор станува се’ поефтина и пософистицирана, софтверите овозможуваат покомплексна обработка на податоци, а технологијата што се користи резултира со се’ повеќе и повеќе податоци за физичките лица. Целта на одредбите за приватност и заштита на личните податоци е да го регулира, ограничи и да го услови надзорот за да се осигура дека кога веќе се врши навлегување во приватноста со видео надзорот, тоа навлегување е неоходно, законски, фер и пропорционално. 

На овој семинар посетителите ќе се стекнат со знаење за тоа како компаниите да се усогласат со одредбите од Законот за заштита на личните податоци што се однесуваат на видео надзорот, кои се и какви се обврските и одговорностите на компаниите што произлегуваат од овој Закон и подзаконските акти, како до нивна наједноставна примена со примери од пракса, но и кои се најголемите предизвици поврзани со неговата имплементација. На семинарот ќе се анализираат и примери од правната пракса каде што Агенцијата за заштита на личните податоци при вршење на инспекциски надзор наидувала на најмногу забелешки. 

Предавачи:

1. Емилија Ангеловска, CIPP/E, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“ и 
2. Елена Кочова, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“.


СОДРЖИНА:

- Закон за заштита на личните податоци;
- Правилник за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор;
- Правилник за содржината на анализата на целта, односно целите за која се поставува видео надзорот и извештајот од извршена   периодична оценка на постигнатите резултати од системот за вршење видео надзор;
- Прекршочни одредби кои произлегуваат од Законот и мерки кои произлегуваат од инспекцискиот надзор.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 9 октомври 2020 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

- работен материјал; 
- сертификат за учество на семинарот.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ