Семинар 06.10.2020 - 08.10.2020 ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.

Согласно законската регулатива, компаниите кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија во соработка со стучни лица, а по барање на компаниите организира ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ.

Предавачи на обуката се советници од Центарот за стручно образование и обука кои воедно се и носители на работната група за изработка на оваа програма:

м-р Бранко Алексовски, м-р Роза Арсовска и м-р Зоран Јовчевски.

ЦЕЛ НА ОБУКАТА ЗА МЕНТОРИ :

Целта на оваа програма е да се развијат знаења, вештини, способности, ставови и вредности, односно компетенции кои треба идните обучувачи (во натамошниот текст: ментори) да ги поседуваат за да можат да работат со ученици/учесници кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со ученици/учесници со различна попреченост.

По успешно завршување на Програмата за стручно-дидактичка обука, менторот стекнува знаења, вештини и се оспособува да:

- го познава образовниот систем, регулативите и одговорностите на учениците/учесниците во обуката;

- им дава поддршка, да ги мотивира и да придонесува за целосно прифаќање и вклучување во активностите на практичната обука на сите ученици/учесници без разлика на нивната етничка, културна припадност и нивната попреченост;

- има сознанија како да комуницира соодветно на возрасната група и како јасно да комуницира со учениците/учесниците со различна попреченост;

- изработува план за остварување на целите од Програмата за практична обука;

- ги следи, евидентира и да ги оценува учениците/учесниците во текот на практичната обука;

- креира безбедно работно место и безбедна работна средина за обука на учениците/учесниците во обуката;

- врши обука на наставниците по стручно-теоретските предмети и практичната обука кај работодавачот;

- изработува семинарска работа за планирање на целите од Програмата за практична обука.

Програмата на обуката е усвоена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија

Ред. бр.

Тема

Часови

Ден

1.

Сесија 1 – Образовен систем, регулативи и одговорности на учесниците во обуката

3 часа

Прв ден

2.

Сесија 2 – Безбедност, права и обврски на работа

3 часа

Прв ден

3.

Сесија 3 - Следење, евидентирање и оценување на учениците

3 часа

Втор ден

4.

Сесија 4 - Следење, евидентирање и оценување на учениците

3 часа

Втор ден

5.

Сесија 5 – Планирање и остварување на целите од програмата за практична обука на учениците

3 часа

Трет ден

6.

Сесија 6 – Обука на наставници кај работодавач

3 часа

Втор ден

7.

Сесија 7 - Работа со ученици/учесници од различна етничка/културна припадност и ученици/учесници со попреченост

2 часа

Трет ден

* Наставниот план и програма за стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука ги одобри (донесе) министерот за образование и наука со Решение број 17-8909/1 од 9.6.2016 година.

Информации за организираноста на обуката:

  • времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа;
  • по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование и обука;
  • обезбеден работен материјал;
  • обезбеден ручек и освежување;
  • цена на обуката по учесник изнесува 10.000 денари + ДДВ 18%;

* Минимален број за реализација на обуката е 10 учесници.

НАПОМЕНА: ПОРАДИ ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ ДОНЕСЕН ОД ВЛАДА НА РСМ, БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН

Поради ограничен број на учесници последен рок за пријавување е 2 октомври 2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 18.11.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“