Семинар 30.10.2020 ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА

„онлајн“ семинар 10:00-13:15 часот



Отворањето на сопствена е-продавница е една од најмудрите и најпопуларните одлуки која носи големи придобивки за подобрување на финансиското работење на компаниите. Сепак, за обезбедување на континуитет во работењето и зголемување на продажбата, потребно е постојано следење и имплементирање на алатки и техники кои водат кон унапредување на работењето во електронската трговија.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 30 октомври 2020 година организира „онлајн“ семинар на тема „ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА“ наменета за постоечките е-трговци, на која ќе бидат презентирани и анализирани разновидни алатки и техники кои придонесуваат кон раст на продажбата во е-продавниците.

На семинарот ќе бидат презентирани e-commerce алатки и нивните предности кои:
- го автоматизираат процесот и заштедуваат време;
- го олеснуваат лансирањето на вашата омни-канал стратегија;
- го забрзуваат креирањето и лансирањето на нови производи и каталози;
- ги интегрираат сите независни е-комерц процеси;
- овозможуваат флексибилна и глобална комуникација.

Воедно, на „онлајн“ семинарот ќе бидат презентирани и анализирани специфични техники со чија правилна употреба ќе обезбедите зголемен раст на продажбата во вашата е-продавница.

ПРОГРАМА

I. Предности на алатките за е-трговија    
Видови на алатки за е-трговија:
• основни алатки;
• бесплатни алатки за е-трговија;
• алатки за подобрување на лојалноста на клиентите;
• CRM алатки за е-трговија;
• SEO алатки;
• CRO алатки за оптимизација на конверзија и зголемување на процентот од посетители на е-продавницата во купувачи;
• алатки за дизајнирање и визуелна презентација;
• алатки за раководење со залихи.

II. Специфични техники за раст на е-продажбата:

• Paid traffic за Facebook, Twitter, Instagram и ретаргетирање (таргетирање на лица кои ја посетиле вашата е-продавница, но не направиле платена нарачка);
• зголемување на довербата кај клиентите преку ваша поддршка (грижа за клиенти преку разговор во живо, овозможување на оценки и коментари од клиенти, сертификати за безбедност);
• поедноставување на процесот за checkout и побрзо комплетирање на нарачките;
• користење на е-маркетинг (креирање на листа, сезонски и периодични е-магазини, сегментирање на листата со цел анимирање на постоечките купувачи);
• луѓето полесно носат одлука за купување заради придобивките, а не заради карактеристиките на производите – начини како да ти истакнете придобивките на изложените производи;
• дополнителна продажба преку предложени и слични производи на веќе додадениот производ во кошничка.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сопственици и менаџери на е-продавници кои се стремат кон зголемување на е-продажбата, претприемачи кои започнуваат со е-трговија, вработени во компании во чии рамки функцинонираат и е-продавници, како и ентузијасти кои сакаат да научат нешто повеќе за електронската трговија.

Предавач:

- Билјана Радоњанин, менаџер и ко-сопственик на е-продавницата „Ексквизит“, дипломиран економист со повеќегодишно искуство во делот на ПР, маркетинг и продажба; говорник на „Global Entrepreneurship Week“, на Недела на претприемништвото, како и обучувач во областа на е-трговија.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;    
- работни материјали во електронска верзија и    
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“ семинар можат да се пријават најдоцна до 27.10.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 14.12.2021
Управување со медицински отпад
Семинар, 15.12.2021
Напреден Ексел за анализа на продажбата со пивот табели и “живи“ графикони
Семинар, 16.12.2021
Задолжително заклучување - затварање на деловодник, подготовка на овластувања за работа во писарницата за наредна година, подготовка и собирање на списите за враќање во писарница согласно законската регулатива и нивно складирање
Семинар, 17.12.2021
Практичен MS Excel 2016 во канцелариско и магацинското работење
Работилница, 20.12.2021
РАБОТА ОД ДОМА , ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ПРАВИЛНА ПРЕСМЕТКА НА ДЕНОВИ ОД ГОДИШЕН ОДМОР, ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, РАБОТА НОЌЕ, ИНСПЕКСИЦСКИ НАДЗОР
Семинар, 22.12.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Тренинг обука, 24.01.2022
КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКИ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО POWER BI
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“
Саем, 31.03.2022
„DUBAI EXPO 2020”