Конференција 27.09.2020 ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ

Скопје

Почитувани,

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Министерството за економија и Проектот ,,Е4Е@мк - Образование за вработување во Северна Македонија“, на 27 септември 2020 година (недела), одбележувајќи го Светскиот ден на туризмот, организира конференција на тема:

ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ

На конференцијата ќе биде ставен акцент на функционирањето на туризмот и угостителството во РС Македонија во 2020 година, последиците од КОВИД-19, до реформи во туризмот како предуслов за одржлив развој и поголема додадена вредност на секторот како извозна стопанска гранка, одбележувајќи го Светскиот ден на туризмот во услови на неизвесност, предизвикана од глобалната пандемија.

Темите на коишто панелистите и учесниците во дискусијата ќе имаат можност да изнесат свои ставови се:

  • како да се зачуваат работните места во секторот;
  • ефективност на мерките за поддршка за бизнисот;
  • подобрување на конјунктурата во туризмот во услови на пандемија и по неа;
  • модел на поддршка на секторот за надминување на последиците од пандемијата;
  • Северна Македонија како туристичка дестинација во 2021 година и приспособување кон новите трендови во туризмот;
  • потребата од реформа на образовниот систем во секторот во услови на глобална мобилност на кадарот.

По тој повод, имаме чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на конференцијата, на којашто ќе се дефинираат и заклучни согледувања како да се постигне очекуваниот раст на секторот и да се зголеми неговото учество во вкупната економија

Конференцијата ќе се одржи на 27.9.2020 година (недела), со почеток во 11 : 00 часот, во хотелот „ Белви“, во Општина Илинден, Скопје.

Со цел доследна примена на мерките за превенција од заштита од корона вирусот согласно Протоколот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство - обезбедување физичко растојание на учесниците од 1,5-2 м, носење заштитни маски, дезинфекција и сл., Ве молам, Вашето учество да го потврдите најдоцна до 23.9.2020 година (среда) на контакт : Даниела Михајловска Василевска, е-адреса : daniela@mchamber.mk ; телефон: 02 3244 021 ; мобилен: 072 22 00 37.

П.С. Синоним за туризам и угостителство се забава и задоволство. Во тој дух ќе го одбележиме и Светскиот ден на туризмот. Затоа дрес кодот за настанот е smart casual ”.

Агенда на настанот

Контакт лица:

Даниела Михајловска Василевска
++ 389 2 3244021, М. 072 220 037


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ