Саем 16.10.2020 - 22.10.2020 „CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020

Онлајн, Индија

Стопанската комора на Македонија Ве поканува да земете учество на претстојниот 14. „CII AGRO & FOOD TECH“, виртуелен Интернационален саем за храна и агрокултура, што ќе се одржи во перидот од 16 - 22 октомври 2020 година

Настанот е стратешки структуриран за да им овозможи на учесниците на локално и глобално ниво, преку виртуелната платформа „HIVE“ да стапат во интерактивна комуникација не само со меѓународните и домашните учесници и купувачи, туку и со високи претставници од Владата на Индија. Настанот на компаниите им нуди можност за зајакнување на билатералните трговски односи во областа на земјоделството и преработката на храна, како и поттикнување на нови  партнерства и ангажмани во овој многу важен економски сектор.

Овогодинешниот виртуелен настан на компаниите им нуди можност за учество на:

  • Виртуелно секторско претставување - секторски павилјони, на коишто компаниите ќе имаат можност да ги претстават своите производи, видео материјали, иновативни решенија и да остварат билатерлани состаноци со компании и владини претставници;
  • Виртуелни конференции - учество на тркалезна маса со експерти од областа и високи претставници од соодветните министерстава, на меѓународно ниво;
  • Интерактивна партнерска платформа -  можност за директни средби со компании од приватниот сектор и со креатори на политики во индијската Влада;
  • Платформа за ширење на знаење - споделување на најдобрите практитки во областа и организирани обуки.

Настанот е наменет за сите компании коишто се занимаваат со земјоделство, прехрана и преработка на храна, производство на млеко и млечни производи, живинарство, рибарство, хортикултура, производство на земјоделски машини и опрема, нови технологии, компании во областа на финансирање на земјоделскиот сектор, стартап компании.

Повеќе информации за овогодинешниот 14. „CII AGRO & FOOD TECH“, виртуелен Интернационален саем за храна и агрокултура, може да се најдат на следниот линк: https://www.agrotech-india.com/.

Ценовник за изложувачи: https://www.mycii.in/image/eventimages/eventmainimages/E000051610_StallPricing.pdf

Регистрација на учесници: https://www.cii.in/OnlineRegistration.aspx?enc=pZVQM37jtSRTHIkmBsithR1rSHqH+uPSsL+byHn1bCARaqGboUh0DpuJ6UCuNrTx

За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме обратете се до лицето за контакт.


Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“
Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“