Семинар 24.08.2020 НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

„онлајн“ работилница 10:00-13:00 часот



Стопанската комора на Македонија, на 24 август 2020 година, организира „онлајн“ работилница на тема: „Намалување на плата, отсуство од работа, вршење на работа од дома и инспекциски надзор врз работните односи“.     

Целта на оваа работилница е на сеопфатен начин да ги анализира основите за привремено намалување на плата, како една од најсуштинските потреби на работодавачите во изминатиот период, при што ваквите основи ќе се разгледаат низ призмата на модусите за нивно целисходно искористување и спроведување.

Дополнително, работилницата ќе понуди сеопфатен и детален преглед на сите основи за отсуство од работа со надоместок на плата, започнувајќи од правото на годишен одмор, преку останатите основи за платено отсуство од работа, сé до неплатеното отсуство како опција за работниците.    

Специфичен институт кој е актуелен поради забележаниот пораст на интересот за негово спроведување, е вршењето работа од дома. Така, во рамки на дискусијата, ќе се разгледаат поимот и поединостите на вршењето на работа дома, онака како што го предвидува Законот за работни односи, наспроти она што се јавува како практична, вонредна потреба за упатување на работниците на работа од дома.    

Конечно, работилницата ќе развие дискусија во насока на преглед на постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, а во насока на избегнување на пропишаните глоби.

ПРОГРАМА

I. ПРИВРЕМЕНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА 
- Содржински компоненти на платата 
- Основи за намалување на платата
- Договорно намалување на платата
- Намалување на нето платата поради виша сила
- Намалување на плата поради потешкотии во работењето
- ДИСКУСИЈА

II. ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА 
- Годишен одмор
- Други основи за платено отсуство
- Неплатено отсуство
- ДИСКУСИЈА

III. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА
- Потреба од склучување посебен договор за вработување
- Права и обврски
- Надоместоци за употреба на сопствени средства
- Заштита и безбедност при работа

* ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА ПОРАДИ ПОСЕБНИ ОКОЛНОСТИ КАКО ПРАКТИЧНА ПОТРЕБА 
- Недостаток на законска регулатива
- Начин на уредување
- Воведување и времетраење
- Утврдување на основните права и обврски
- Разлики од вршењето на работа дома по основ на одделен договор за вработување 

* ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО РАБОТА ДОМА
- Известување на надлежниот инспекторат
- Овластувања при вршење на инспекцискиот надзор
- Предизвици при вршење на инспекцискиот надзор
* ЗАБРАНА НА РАБОТА ДОМА
* РАБОТИ КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВРШАТ ДОМА
* ИСКЛУЧОЦИ ПРИ ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА

- Ограничување на работното време
- Ноќна работа
- Одмор
- Дневен и неделен одмор
- ДИСКУСИЈА

IV. НАДЗОР НА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
- Овластувања на инспекцијата на трудот
- Прекршочни глоби
- ДИСКУСИЈА

Предавачи: 

- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
- Злате Стојановски, Државен секретар при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 20.08.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 20.04.2021
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПОТЕШКОТИИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО ПОРАДИ ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Семинар, 21.04.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ - Правила, логички функции, IF, AND & OR функции, LOOKUP и консолидација -
Семинар, 21.04.2021
MARKETING MIND GAMES – ПСИХОЛОГИЈАТА ВО МАРКЕТИНГОТ – СОВЕТИ И ТЕХНИКИ
Webinar, 21.04.2021
„E-Residency“ - Како „е-престојот“ може да им помогне на претприемачите од Западен Балкан да започнат глобален, 100% онлајн бизнис?
Семинар, 21.04.2021
ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНАТА НА НОВАТА РЕГУЛАТИВА ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - Дилеми, предизвици и отворени прашања -
Семинар, 22.04.2021
Дводневна „онлјан“ обука: ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001, ISO 27001
Семинар, 22.04.2021
СОВРЕМЕНИ СТРАТЕГИИ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“