Семинар 20.08.2020 ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

„онлајн“ семинар 10:00-13:00 часот

Семинарот посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, оспособување за самостојна анализа на голем број на податоци преку работа со филтри, формули и функции во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Со него се опфатени и пивот табелите - еден од скриените адути на Ексел кои се применуваат во: администрација, финансии, продажба, набавка, водење на магацини, маркетинг, сметководство, аналитика и управување со ризици, односно секогаш кога е потребен брз, лесен и ефикасен начин за анализа и правење на извештаи. Но, тука е и креирањето на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки. Дел од „Онлајн“ - семинарот ќе биде посветен и на практична примена на Excel во магацинското работење преку одредени практични примери од оваа област поврзани со: МЕТГ -Материјална евиденција во трговијата на големо, пропишан образец, увозна калкулација со пресметка на трошоци од увоз и формирање на набавна цена за артикл во магацин.

„Онлајн“ - семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните формули и функции кои ги нуди оваа програма, пивот табели и контролни табли, а потоа и стекнатите знаења да ги применат на своето работно место. Составен дел од „онлајн“ - семинарот се примери од секојдневната практика. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер и основни познавања на програмата за табеларно пресметување – Excel 2016.

Теми кои ќе бидат опфатени на „онлајн“ - семинарот:
• Валидност на податоци;
• Работа со формули и функции;
• Поврзување на работни страници и пресметковни табели;
• Практични примери за примена на наученото во секојдневието   (пример: во магацинското работење);
• Сортирање и филтрирање на податоците;
• Пивот табели;
• Креирање контролни табли (Dashboards);
• МЕТГ- Материјална евиденција во трговијата на големо, пропишан   образец, увозна калкулација со пресметка на трошоци од увоз и   формирање на набавна цена за артикл во магацин.

По завршување на „онлајн“ - семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Практично применува табеларни пресметки
• Поврзува повеќе табели кои се наоѓаат на различни работни     страници;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се   пополнуваат;
• Применува филтрирање и сортирање;
• Користи пивот табели;
• Креира комплексни интерактивни извештаи со кои се добива нов   поглед на деловните информации;
• Користи контролни табли за креирање комплексни анализи;
• Применува Excel во дел од магацинското работење.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време;
- Полесно и побрзо креирање квалитетни информации како подлога за   одлучување;
- Оптимизација во работењето со користење на прави информации; 
- Подобар увид во работењето;
- Ослободување од бескрајните калкулирања на трошоците од увоз и нивниот распоред по производи.

Предавач: 

Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

- Напатствија за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- e-сертификат и
- работни материјали во електронска верзија.

Последен рок за пријавување: 18.8.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2021
ПЛАНИРАЊЕ, АНАЛИЗА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦА, ПРЕКУ ОТВОРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Семинар, 22.01.2021
„ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ (Закон за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42, од 16.2.2020 година)
Семинар, 26.01.2021
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И СО ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧНИ ТОЧКИ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА
Саем, 26.01.2021
Виртуелен дигитален саем „Патот од традиционалното кон новото нормално“
Семинар, 27.01.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 27.01.2021
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРОДАЖБА – ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЕФИКАСНО РАБОТЕЊЕ НА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПРОДАВНИЦА
Семинар, 28.01.2021
„УСПЕШНО УЧЕСТВО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА“
Работилница, 29.01.2021
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВА ИЗМЕНА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА ВО ВРЕМЕ НА ПРОДОЛЖЕНО ВАЖЕЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЗАШИТА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ, ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА
Семинар, 29.01.2021
ДОГОВОР ЗА ГРАДЕЊЕ - ФОРМА, ПРАВА И ОБВРСКИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ И НЕПРЕДВИДЕНИ РАБОТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ГРАДБА, ОДГОВОРНОСТ НА ПРОЕКТАНТОТ И НАДЗОРОТ
Семинар, 02.02.2021
ДИЗАЈНИРАЊЕ МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ И СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ МЕРКИ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ – ПАНДЕМИЈА
Семинар, 09.02.2021
ИНФЛУЕНСЕР СТРАТЕГИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАРКЕТИНГ АКТИВНОСТИ СО ИНФЛУЕНСЕРИ
Семинар, 10.02.2021
ПРАВИЛНИК ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ - ЌЕ ПЛАНИРАМЕ ЛИ ПОБРЗО, ПОЛЕСНО, ПОХУМАНО?-
Семинар, 17.02.2021
АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ по Програма на D.R. Gilbert: ЕФИКАСЕН МЕНАЏЕР-ПАТОТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА И СТРАТЕГИСКА ПОДГОТОВКА
Online Бизнис средби, 25.02.2021
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“