Семинар 28.07.2020 ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА

„оналјн семинар“ 10:00-13:15 часот

Во ера на дигитализација, присуството на брендовите на Интернет е важно за секој бизнис кој сака поголема видливост на своите производи и услуги, а секој бизнис кој сака да го зголеми уделот на својот пазар неминовно треба да се определи кон унапредување на дигитализацијата во своето работење преку отворање на е-продавница.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 28 јули 2020 година организира „онлајн“-семинар на тема: „ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА,  ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА“, каде глaвен фокус ќе биде ставен на запознавање со сите потребни процедури, законски барања и прописи за отворање и успешно водење на своја лична електронска продавница.    

Независно дали веќе поседувате продажно место или пак сакате да ги пласирате Вашите производи единствено за Интернет-продажба, овој семинар ќе Ви помогне успешно да се позиционирате на Интернет-пазарот и да ги стекнете основните вештини за управување со е-продавница. Продажбата преку Интернет како нов канал на продажба отвора нови можности за подобро позиционирање на пазарот, пристап до нови клиенти кои физички се оддалечени од продажното место, поголем удел на пазарот, а сето тоа води до зголемување на Вашите приходи.

ПРОГРАМА:

• АНАЛИЗА И ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА:
  - Состојба и предуслови за развој на интернет-трговијата во Македонија.

• ВОВЕД ВО ЗАКОНСКИТЕ ПРОЦЕСИ И ПРОЦЕДУРИ:
  - Отворање и регистрација на сопствена компанија;
  - Креирање на бизнис-план и почетни инвестиции;
  - Прибирање на податоци согласно Дирекцијата за заштита на лични податоци.

• ПРОЦЕДУРИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ:
  - Финансиски калкулации;
  - Провизии, поддршка од страна на банките;
  - „Онлајн“-плаќање.

• РЕГИСТРАЦИЈА НА ВЕБ-СТРАНА, СЕЛЕКТИРАЊЕ НА СООДВЕТЕН ХОСТИНГ:
  - Регистрација;
  - Имиња за веб-страна;
  - Квалитет;
  - Брзина;
  - Заштита на лични податоци.

• Е-COMMERCE РЕШЕНИЕ:
  - Дизајн на веб-страна;
  - Стил на пишување;
  - Пребарување;
  - „Излог“ на е-продавницата;
  - Од „Додади во кошничка“ до „Потврди со плаќање“.

За кого е наменет семинарот?    
 
Семинарот е наменет за сите сопственици и менаџери на компании кои се занимаваат со продажба и имаат желба да инкорпорираат нов канал за продажба, директори за продажба и маркетинг, млади претприемачи кои сакаат да започнат свој е-бизнис, како и ентузијасти кои се подготвени да научат нешто повеќе за електронската трговија.


Предавач:
- Билјана Радоњанин
, менаџер и ко-сопственик на е-продавницата „Ексиквизит“, дипломиран економист со повеќегодишно искуство во делот на ПР, маркетинг и продажба; говорник на „Global Entrepreneurship Week“, на Недела на претприемништвото, како и обучувач во областа на е-трговија.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    

- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката и
- работни материјали во електронска верзија.
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Бројот на учесници е ограничен на 20 лица.
Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 24.7.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ