Семинар 08.07.2020 ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ-САЈТ ЗА „ОНЛАЈН“-ПРЕБАРУВАЧИ, СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА ИНТЕРНЕТ (SEARCH ENGINE OPTIMIZATION (SEO)

„oнлајн“-семинар 10:00-13:30



Во период на брз развој на технологијата, дигиталната трансформација на компаниите станува задолжителна. Тука спаѓа креирање на SEO-стратегија и оптимизација на Вашиот веб-сајт за пребарувачи. Знаењето како да се оптимизира Вашиот веб-сајт со цел подобро рангирање на кој било пребарувач е од есенцијална важност за равојот на Вашиот бизнис.

На овој „онлајн“-семинар ќе се стекнете со основните знаења кои Ви се потребни за оптимизирање на Вашиот компаниски веб-сајт. Ќе адресираме неколку прашања кои ќе Ви помогнат да ја формирате целосната слика за тоа што е SEO и зошто Ви е потребно, како: 
- Што се тоа кратки и долги клучни зборови? 
- Како да направите истражување на клучни зборови и како да ги искористите правилно во рамките   на содржината на Вашиот веб-сајт? 
- Што е потребно за да се направи SЕО-евалуација на веб-сајт и како правилно да ги анализирате корисниците кои го посетуваат Вашиот сајт? 

За кого е наменет овој семинар?

Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да разберат како да го оптимизираат својот веб-сајт независно од индустријата од која доаѓаат, со цел рангирање помеѓу првите резултати на пребарувачите како Google. 

ПРОГРАМА 

I. Основи на SEO:
   • Главни SЕО-компоненти;
   • Кратки и долги клучни зборови;
   • Истражување на клучни зборови;
   • Користење на клучни зборови во содржина на веб-сајт;

II. ВТОР ДЕЛ: SЕО-оптимизација на веб-сајт:
  • Оптимизација на содржината на сајтот;
  • Oптимизација на содржината вон сајтот;
  • Техничка оптимизација;

III. ТРЕТ ДЕЛ: Мерење на SEO-перформанс:
   • Креирање на SEO-евалуација на веб-сајт;
   • Анализирање на  traffic sources;
   • Усогласување на SEO и бизнис целите.

Предавач:   

- Симона Костовска, оперативен директор и акаунт менаџер во „Vrootok  Marketing & Consulting“. Таа е сертицифиран ментор и предавач на програмите за Дигитален маркетинг на „Galeksia“. Инженер по струка, со страст за дигитален маркетинг, Симона има креирано над 50 успешни дигитални маркетинг стратегии кои генерираат раст на бизнисите на клиентите на „Vrootok“ низ целиот свет, а своето знаење го пренесува преку програмите на „Galeksia“. Дополнително, таа ќе ви помогне да размислувате надвор од кутијата при креирањето на содржина за Вашиот веб-сајт.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    

- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 3.7.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 10.05.2021
„Виртуелни“ билатерални деловни средби 6th International B2B Software Days
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 12.05.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар на тема:УПРАВУВАЊЕ НА МАГАЦИН
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Работилница, 19.05.2021
НАЈЧЕСТИ ПРЕКРШОЦИ ВО ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И НИВНО ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 26.05.2021
Напредени Ексел алатки за брза обработка на податоците
Семинар, 26.05.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар на тема:ПРИДОБИВКИ ОД ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЗР ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРВАЈЕ ПРИ РАБОТА
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Работилница, 31.05.2021
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПО ОДНОС НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ДОДАТОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА ПОРАДИ БОЛЕДУВАЊЕ И ОДМОРИ, ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО И ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Online Бизнис средби, 08.06.2021
„6-ти работен состанок на Бизнис Советот на Земјите од Централна и Источна Европа и Кина- China-CEEC Business Council “
Конференција, 24.06.2021
„European Logistics Innovation Day 2021” - Online конференција и билатерални деловни средби, ЕЕН Германија - ЕЕН Македонија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“