Работилница 09.07.2020 ПРАВА И ОБВРСКИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА И НАДЗОР ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

„онлајн-семинар“ 10:00-13:00 часот

Стопанската комора на Македонија, на 09 јули 2020 година, организира еднодневна „онлајн“-работилница на тема: „Права и обврски при вршење на работа дома и надзор од инспекцијата на трудот врз работните односи“.
Со зголемувањето на актуелноста на вршењето работа дома, се наметна и потреба да се направи разграничување помеѓу она што е во доменот на законски регулиран институт, наспроти алтернативното решение за работа кое се должи единствено на отежнатиот работен процес. Така, оваа „онлајн“ работилница ќе има за цел да  објасни кој е правилниот начин на воведување вршење работа дома и како се утврдува надоместокот за овој вид работа. Дополнително, ќе се дискутира за најголемите предизвици кои вршењето работи дома ги претставува и како истите да се надминат.
Во насока на што поголема правна заштита на деловните субјекти, ќе се образложат и најчестите области кои подлежат на инспекциски надзор, и тоа не само во контекст на вршењето работа дома, туку и во смисла на целокупниот работен однос.
Работилницата ќе се одржи „онлајн“, ќе има интерактивен пристап и ќе понуди практични одговори на прашањата на слушателите.

ПРОГРАМА

I. ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
• Закон за работни односи
 - ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА
• Поим;
• Потреба од склучување посебен договор за вработување;
• Права и обврски;
• Надоместоци за употреба на сопствени средства;
• Заштита и безбедност при работа.

II. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО РАБОТА ДОМА
• Известување на надлежниот инспекторат;
•   Овластувања при вршење на инспекцискиот надзор;
•   Предизвици при вршење на инспекцискиот надзор.
- ЗАБРАНА НА РАБОТА ДОМА;
- РАБОТИ КОИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ВРШАТ ДОМА;
- ИСКЛУЧОЦИ ПРИ ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА:
• Ограничување на работното време;
• Ноќна работа;
• Одмор;
• Дневен и неделен одмор.

III. ВРШЕЊЕ РАБОТА ДОМА ПОРАДИ ПОСЕБНИ ОКОЛНОСТИ КАКО ПРАКТИЧНА ПОТРЕБА
• Недостаток на законска регулатива;
• Начин на уредување;
• Воведување и времетраење;
• Утврдување на основните права и обврски;
• Разлики од вршењето на работа дома по основ на одделен договор за вработување.

IV. ДРУГИ НАЈЧЕСТИ ОБЛАСТИ НА НАДЗОР НА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
• Договор за вработување;
• Работно време, паузи, одмори;
• Исплата на плата.

 - ПРАШАЊА И ДИСКУСИЈА -
  
 Предавачи:
- Злате Стојановски - државен советник во Државниот  инспекторат за труд  и
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат , предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-  Напатствија за приклучување на „онлајн“-работилницата;
-  Е-сертификат и
-  Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 7.07.2020 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ