Семинар 07.07.2020 ИНФОРМАЦИОНА БЕЗБЕДНОСТ ВО КРИЗНИ СИТУАЦИИ

„Oнлајн“-семинар 10:00-13:00



Проблемите од безбедност и управување со информациите и податоците претставуваат еден од најважните правци за истражување. Заштитата на компјутерските мрежи и нивното надгледување се од големо значење за нормално функционирање на ИТ-инфраструктурата, особено во време на пандемија кога голем дел од работните процеси се извршуваат од локации физички оддалечени од компанијата.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 7 јули 2020 година организира „онлајн“-семинар на тема: „Информациона безбедност во кризни ситуации“.

ИТ-заканите се секојдневие, особено во кризни ситуации, кога фокусот на вработените е насочен кон воспоставување и одржување на работните процеси. Секоја кризна ситуација со себе носи многу непредвидени ризици, кои најчесто оставаа простор за злонамерна употреба од страна на хакерите кои ја користат актуелната ситуација за да пружат лажна поддршка или некои други прикриени злонамерни активности.

„Онлајн“-семинарот ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со честите закани, како и со начините за превенција и заштита од нив, како соодветно да се реагира на овие закани што можат да се манифестираат и во рамките на внатрешно развиените и поддржаните ИТ-системи и со екстернизираните ИТ-услуги.

Некои од прашањата на кои овој семинар ќе даде одговор се и како соодветно да се третираат идентификуваните информации и безбедносни закани и ризици, што треба да се преземе и кој ќе ја сноси одговорноста, како правилно да се дефинираат правата за пристап, улогите и одговорностите на вработените. За време на „онлајн“-семинарот ќе бидат анализирани позитивни и негативни искуства на големи компании при проценка на ИТ-ризици и подготовки за потенцијални кризни ситуации, како и примери од тековни искуства од вонредните состојби за време на Ковид-19.

Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, мрежни инженери, лица одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои имаат потреба од заштита на информациите поради висок степен на одговорност и ризик во организациите.

Целта на семинарот е учесниците да се стекнат со основно и напредно знаење во управувањето со информационата безбедност во кризни ситуации, како и подобро разбирање на ИТ-контролите кои се применуваат за намалување или отстранување на информациските ризици.

ПРОГРАМА:

• Чести закани – ransomware, лажно претставување, хакирање на кориснички сметки и профили,   изнудување, награди, уплати, keylogger;
• Управување со информационата безбедност во кризни ситуации;
• Социјален инженеринг и различни видови на фишинг (phishing) напади;
• Чекори кои треба да се преземат при фишинг (phishing) напад;    
• Заштита на информации и приватност на податоци;    
• Примена на безбедност на информации при работење на далечина (работа од дома);
• Управување со права на пристап – доделување, укинување и ревизија на правата;
• Улоги и одговорности на вработените;    
• Стандарди и најдобри практики за безбедност и приватност на податоци;
• Примена на социјален инженеринг – како бескорисните информации стануваат корисни и како   љубопитноста може скапо да се плати;
• Примери од пракса – како да препознаете и да се заштитите од основни и напредни фишинг   (phishing) напади.    

Предавач:

- Лука Милинковиќ, ИТ-ревизор во НЛБ Банка - Белград, одговорен за информациона и апликативна контрола. Милинковиќ има повеќегодишно искуство во контрола и управување со ИТ-ризици со специјализација во областа на дефинирање на ИТ-процеси (ITIL-процеси) и имплементација на самата контрола. Со информациона безбедност и едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, како и во неколку банки во Р. Србија. Има работено на развој и имплементирање на безбедносни методи, мрежни технологии и алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и меѓународни научни конференции, а  член е на ИТ-списанието „PC Press“. Тој исто така е сертифициран внатрешен ревизор за ISO/IEC 27001 и ISО 31000 управување со ризик.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    

- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 01.7.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 10.05.2021
„Виртуелни“ билатерални деловни средби 6th International B2B Software Days
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 12.05.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар на тема:УПРАВУВАЊЕ НА МАГАЦИН
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Работилница, 19.05.2021
НАЈЧЕСТИ ПРЕКРШОЦИ ВО ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И НИВНО ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 26.05.2021
Напредени Ексел алатки за брза обработка на податоците
Семинар, 26.05.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар на тема:ПРИДОБИВКИ ОД ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЗР ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРВАЈЕ ПРИ РАБОТА
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Работилница, 31.05.2021
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПО ОДНОС НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ДОДАТОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА ПОРАДИ БОЛЕДУВАЊЕ И ОДМОРИ, ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО И ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Online Бизнис средби, 08.06.2021
„6-ти работен состанок на Бизнис Советот на Земјите од Централна и Источна Европа и Кина- China-CEEC Business Council “
Конференција, 24.06.2021
„European Logistics Innovation Day 2021” - Online конференција и билатерални деловни средби, ЕЕН Германија - ЕЕН Македонија
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“