Семинар 10.09.2020 ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат



Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на организација и реализација на работењето во писарница. Начинот на управувување, чување, селекција, складирање и поништување на документи.

Програма на семинарот:

- Закон за архивски материјал;
- Помошна евиденција во канцелариското работење;
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
- План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
- Прегледување и распоредување на документи и записи;
- Составување комисија за избор и ништење на документи;
- Распоредување документи по интерни доставни книги;
- Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
- Одлагање решени документи во архива;
- Евидентирање на архивскиот материјал;
- Заштита, обезбедување и користење на архивскиот и документираниот материјал во  соодветен простор и стандардна опрема;
- Сопствена евиденција во процес на архивирање;
- Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
- Правилна класификација и рокови на чување на документација;
- Организација и надзор на документиран систем;
- Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
- Уредба за канцелариско и архивско работење;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Целна група за семинарот:

-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.

Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до  7.09.2020 година.

 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 15.06.2021
ЕВИДЕНЦИЈА НА МАТЕРИЈАЛНО-МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 22.06.2021
ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА НА ИНФОРМАЦИСКАТА И НА ФИЗИЧКАТА БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 24.06.2021
УПРАВУВАЊЕ СО УЧИНОКОТ – АЛАТКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ
Конференција, 24.06.2021
„European Logistics Innovation Day 2021” - Online конференција и билатерални деловни средби, ЕЕН Германија - ЕЕН Македонија
Семинар, 24.06.2021
НАПРЕДЕНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ ЗА БРЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ
Online Бизнис средби, 25.06.2021
Он-лине настан и деловни средби „FINNO-Access2Finance and Innovation“, Белград,
Семинар, 28.06.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Семинар, 29.06.2021
ВОВЕД ВО ДЕЛОВEН EXCEL
Семинар, 30.06.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Семинар, 07.07.2021
Благајничко денарско и девизно работење
Online Бизнис средби, 27.07.2021
„виртуелна“ КОНФЕРЕНЦИЈА И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „CONNECTO 2021“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“