Семинар 26.06.2020 ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА

Онлајн семинар, 10:00-13:00

Стопанската комора на Македонија, на 26 јуни 2020 година, организира еднодневен „онлајн“-  семинар на тема: „Отсуство од работа со надоместок на плата“. На овој „онлајн“-  семинар ќе се понуди сеопфатен и детален преглед на сите основи за отсуство од работа со надоместок на плата, започнувајќи од институтот привремен принуден одмор, преку разгледување на регулативата поврзана со правото на годишен одмор, неплатеното отсуство како опција за работниците, сé до останатите основи за отсуство како што се боледувањето и отсуството поради бременост, раѓање и родителство. Дополнително, на „онлајн“ семинарот ќе се развие дискусија во насока на преглед на постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, спроведување едукација, а со цел избегнување на пропишаните глоби.
Семинарот ќе се одржи „онлајн“.

ПРОГРАМА

I. ПРИВРЕМЕН ПРИНУДЕН ОДМОР (ППО) СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
• Акти врз основа на кои се организира привремен принуден одмор:
- Програма за надминување на потешкотиите во работењето на субјектот;
- Одлука за организирање на привремен принуден одмор;
- План за спроведување (упатување) на привремен принуден одмор;
- Решение (одлука) за привремен принуден одмор за секој работник одделно.
• Критериуми за упатување на привремен принуден одмор:
• Престанување на привремен принуден одмор;
• Право на надоместок на плата за време на привремен принуден одмор;
• ДИСКУСИЈА.
II. ГОДИШЕН ОДМОР
• Право на годишен одмор;
• Определување за секој вработен одделно;
• Стекнување право за цел годишен одмор;
• Пропорционален дел од годишен одмор;
• Користење годишен одмор во редовни наспроти вонредни околности;
• Потврда за искористен годишен одмор;
• Надоместок за неискористен годишен одмор;
• Надоместок на плата за време на отсуство поради користење годишен одмор;
• ДИСКУСИЈА.
III. НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО
• Правни основи за користење неплатено отсуство;
• Мирување на правата од работен однос;
• Акти за реализирање на неплатено отсуство;
• ДИСКУСИЈА.
IV. ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
• Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство за време во редовни наспроти во вонредни околности;
• Отсуство од работа по основ на боледување;
- Надоместок на плата на товар на работодавач;
- Надоместок на плата на товар на ФЗОМ;
• ДИСКУСИЈА.
V. ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
• Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
• Покренување на прекршочна постапка;
• ДИСКУСИЈА.
-ПРАШАЊА И ДИСКУСИЈА-

Предавачи:

- Злате Стојановски, Државен советник при Државниот  инспекторат за труд.
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото правo.

За сите учесници ќе биде обезбедено:

- Напатствија за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- Е-сертификат и
- Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 24.06.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 04.12.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Online Бизнис средби, 09.12.2020
“LINKING FOR THE FUTURE: WESTERN BALKANS AND GERMANY”- Виртуелен настан за вмрежување и билатерални средби за компании од металната, метало-преработувачката и автомобилската индустрија
Работилница, 10.12.2020
„Бесплатна Виртуелна работилница“ на тема: „ Иновации 2020“ (International Virtual Workshop on CRM Innovations Frontiers)-ЕЕН мрежа
Семинар, 10.12.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИСКИ И СО БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ
Семинар, 11.12.2020
ДЕЛОВЕН MS EXCEL 2016 – УНАПРЕДИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ
Семинар, 15.12.2020
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК (КРАЈ НА ГОДИНА), ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА
Семинар, 16.12.2020
ИНКОТЕРМС 2020- РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Семинар, 17.12.2020
“НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ПИВОТ ТАБЕЛИ И КРЕИРАЊЕ НА "ЖИВИ" ИЗВЕШТАИ“
Работилница, 22.12.2020
НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР И ПРОПИШАНИТЕ ПРЕКРШОЧНИ ГЛОБИ
Семинар, 23.12.2020
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ