П О К А Н А
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
„Textile Connect 2020 - Virtual Matchmaking“
https://textile-connect-2020.b2match.io/
4-8 мај 2020 година
Јонкопинг, Шведска
Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската мрежа на претприемачи од Шведска ве покануваат да учествувате на он-лине деловни средби наменети за Текстилната индустрија „Textile Connect 2020-Virtual Matchmaking“, што ќе се одржат од 4-8 мај 2020 година во Шведска.
Поради новонастанатата ситуација и развој на Covid-19 (вирусот корона) и несигурната состојба во моментот низ целиот свет, состаноците ќе се организираат виртуелно, он-лине преку Интернет наместо на лице место.
Учесниците ќе имаат можност да воспостават он-лине контакти со своите деловни партнери од текстилниот сектор, со дизајнерите, производителите на текстил и обувки, дистрибутерите итн.
Состаноците на купувачите и добавувачите ќе бидат организирани преку Интернет доколку претходно се регистрирате најдоцна до 3 мај 2020 година.
Регистрирајте се денес на следниов линк https://textile-connect-2020.b2match.io/signup и пронајдете го вашиот потенцијален деловен партнер!
Учеството е бесплатно.
Зошто да учествувате?
- ова он-лине поврзување ќе ви помогне да најдете меѓународни деловни партнери на претходно договорени и резервирани состаноци;
- ќе ви помогне да ja развиете и проширите вашата деловна мрежа, да научите нешто ново, да го споделете вашето искуство и знаење со потенцијалните партнери, купувачи и добавувачи, трансфер на знаење и технологии;
- да ги чуете новите трендови на пазарот, новите идејни решенија, дизајн и технолошки иновации.
Мрежата на Enterprise Шведска ви нуди поддршка пред, за време и по настанот, на пр. со тоа што ќе ви помогне да формирате информативен профил за соработка и следење на секоја од компаниите.