Конференција 16.09.2020 - 18.09.2020 КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина

Сараево, Босна и Херцеговина



П О К А Н А  

КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
„SEEIIST MEETS INDUSTRY“
https://indico.cern.ch/event/839930/

16-18 септември 2020 година
Сараево, Босна и Херцеговина


Стопанската комора на Македонија во соработка со Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIST) и Универзитетот во Сараево, преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве поканува да учествувате на Конференција на тема: „SEEIIST meets Industry“ (Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа се среќава со стопанството), што ќе се одржи од 16-18 септември 2020 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност подетално да се информираат за иницијативата на Меѓународниот институт за изградба на Факултет за хадронска терапија на тумори и биомедицински истражувања, заснован на најнов дизајн на акцелератори на честички развиен во соработка со европските истражувачки центри CERN и GSI-FAIR.

Целта на Конференцијата е учесниците од научно-истражувачките институции SEEIST, CERN и GSI-FAIR да се запознаат со претставници од компаниите од земјите од Југоисточна Европа со потенцијална можност за нивно вклучување во изведбата на проектот.
 
За време на Конференцијата ќе се дискутира за соработката на SEEIST со стопанството, со посебен осврт на следните аспекти:

- учество на компании во дизајнирање и изградба на објектот;
- учество на компании во водење и одржување на објектот;
- трансфер на знаење и технологии од центарот во компаниите;
- обука на лица поврзана со индустриски објекти и болници.
 
Во рамки на настанот се планирани и деловни средби, дополнително ќе биде објавено кој ден ќе се одржат .


За реализација на проектот предвидено е да бидат опфатени следните сектори и области:

- градежништво;
- машинско инженерство;
- електро инженерство;
- специјална машинска конструкција;
- системи на контрола;
- технологија на сензори;
- вакуум и криогеника;
- медицинска технологија;
- инструментална анализа;
- заштита од зрачење;
- добавувачи на материјали;
- системи на контрола;
- телекомуникации.

Програмата и дополнителни информации за настанот се достапни на следната веб-страна: https://indico.cern.ch/event/839930/.

Ве молиме,  електронски да го регистрирате вашето учество на следниот линк: https://indico.cern.ch/event/839930/registrations/52880/

 
Преференцијални цени за учесниците на Конференцијата се договорени со следните хотели:

Hotel Holiday Sarajevo
https://www.hoteleuropegroup.ba/en/holiday

Hotel Residence Inn by Marriott
https://www.marriott.com/hotels/travel/sjjri-residence-inn-sarajevo/


 

Пријави се електронски

Контакт лица:

М-р Нена Николовска
++ 389 2 3244054

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
Организација и реализација, на работењето во писарницата, управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата, пристап, селекција, складирање, чување и поништување на документи
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“