Семинар 13.12.2019 KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?

Стопанска комора на Македонија


   

 

Eднодневен семинар на тема:

KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR
(КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ)
Основи и како се дефинираат?

13 декември 2019 година
9:30- 15:30 часот
Стопанска коморa на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 13 декември 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR - Основи и како се дефинираат?

Цел на семинарот: 
„If you can measure it, then you can improve“

Целта на семинарот е содржан во погорната реченица т.е  "Ако можете да го измерите, тогаш можете и да го подобрите" односно, ако сте во состојба да ги измерите своите процеси, тогаш имате предуслов и истите да ги подобрите. Ако сакате да ги подобрите своите процеси, доволно е само да ја зголемите нивната ефикасност и ефективност. Тоа значи дека мора да ја знаете моменталната состојба, каде сакате да бидете, односно што сакате да постигнете, како да дојдете до таму и на крајот да измерите дали сте ја постигнале посакуваната цел. Појдовна точка на овој пат е најпрвин дефинирање на ефективноста и ефикасноста на процесот, а потоа поставување на мерни точки (KPI-Key Performance Indicator) преку кои ќе морате да ги мерите овие две клучни перформанс процеси.

Понатаму, учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните принципи на Key Proces Indicator и како да постават KPI над процесите, со што би можеле да ги измериме ефективноста и ефикасноста на процесот и со тоа да се создаде предуслов за подобрување на процесот по нивните две клучни перформанси.

За кого е наменет семинарот?

За сите вработени на следниве процеси: Управување со перформансите на процесот (Lean-SS менаџер, Continuous improvement менаџер; Performance менаџер; итн.) како и сите кои раководат со управувачки и оперативни процеси во која било организација, како и менаџери од сите нивоа (топ, среден и линиски), сопственици на компании и останати вработени кои сакаат да го прошират и усовршат своето знаење по дадената проблематика.

ПРОГРАМА



1.  Квалитетен процес како крајна цел;
2.  Систематски пристан кон процесите;
3.  Управување со квалитетот на процесите;
4.  Перформанс на процесите;
5.  Што е кратенката KPI?
6.  Карактеристики на KPI;
7.  Типови на KPI;
8.  SMART – паметен пристап;
9.  Врската помеѓу KPI и крајната цел на компанијата;
10. Дефинирање на KPI;
11. Регистар на KPI;
12. Известување на менаџментот во врска KPI;
13. OEE (Overall Equipment Effectiveness) Целокупната ефективност на опремата –  Основни     принципи;
14. Примери на KPI.


Предавач:

- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „PDCA Konsalting“ од Нови Сад, Р. Србија. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 6.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 27.07.2020
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“